
Костадин Захов
- Играч
2005–2011 (со прекин 2007/08)
Биографија
Костадин Захов, репрезентативец и голман на Беласица, Вардар, Шкендија, Брегалница Штип, Турново и Нов Милениум. Захов е фудбалер со најмногу шампионски титули (2 со Вардар и 3 со Шкендија) во првенствата на Македонија, од сите Струмичани.
Ги поминува сите младински школи на Беласица. За сениорите на Беласица има брането на 85 натпревари во 5 сезони. Дебитира во септември 2005 година, против Победа од Прилеп, на 17 години. Во првата своја сезона,2005/06, брани на 3 натпревари, додека во следната 2006/07, на 16 натпревари. Сезоната 2007/08 ја поминува во Нов Милениум од Сушица, кој игра во Втората Македонска лига. Летото 2008 пак се враќа во Беласица. Во сезоната 2008/09 брани на 26 натпревари и е еден од столбовите на Беласица, заедно со В. Георгиев, А. Стојановски, Ѓ. Лиманов, П. Ристовски,... Во сезоната 2009/10, е голмански тандем со Т. Пандев. Во сезоната 2010/11, брани на 24 натпревари, по што летото 2011 година, преминува во Вардар од Скопје. Во Вардар ќе помине 3 сезони и ќе настапи на 52 натпревари. Два пати ќе биде шампион со Вардар и тоа во сезоните 2011/12 и 2012/13.
Во летото 2014 година, преминува во прволигашката екипа на Турново, каде брани на 18 натпревари. Во Турново се задржува една сезона, по што преминува во Брегалница од Штип. Ќе брани на 13 натпревари за Брегалница, во есенската полусезона.
Во јануари 2016 година преминува во Шкендија од Тетово. Во септември 2016 го забележува својот единствен настап за репрезентацијата на Македонија во квалификациите против Албанија. Во Шкендија е 9-та сезона и досега има брането на 183 првенствени натпревари. Со Шкендија го има три пати освоено првенството на Македонија (2018, 2019 и 2021) и два пати купот на Македонија (2016 и 2018).
Во меѓународните купови има настапено на 42 натпревари во дресот на Шкендија и Вардар. Во август 2017, ќе го брани голот на Шкендија во двомечот против Милан од Италија. Вкупно досега во кариерата има брането на над 400 првенствени и меѓународни натпревари.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 85
Фотографии

Костадин Захов