
Костадин Секулов
- Играч
1974–1989
Биографија
Костадин Секулов, легендарен центархалф на Беласица. Во 14 сезони одиграни за Беласица ќе забележи 336 настапи на официјални лигашки утакмици. Се наоѓа на 4. место на вечната листа на играчи со најмногу настапи (во топ 300 натпревари, има само 5 играчи, покрај К. Секулов, тука се и П. Андреев, М. Василев, Р. Панов и Т. Стојанов). Постигнал вкупно 33 голови во дресот на Беласица, што се најмногу голови за еден одбранбен играч.
Првиот настап за Беласица го има есента 1974 година против Брегалница од Штип во Струмица, на 16-годишна возраст. Истата есен го постигнува и првиот гол против Борец од Велес. По три сезони во Беласица и одиграни 88 натпревари, преминува во силната екипа на Победа од Прилеп, која играла во Втората југословенска лига. Таму ќе игра со Ванчо Дрвошанов и Благој Митев во сезоната 1977/78. По само една сезона, овие тројца фудбалери се враќаат во дрим-тимот, кој летото 1978 година го составила Беласица. Покрај нив, се враќаат и Истатов, Н. Секулов, Аљоков и Беласица со К. Секулов во тимот во следните две сезони е на два пати трета во Првата македонска лига. Есента 1980 година оди во ЈНА. Во шампионската сезона 1982/83, Секулов игра 29 натпревари и постигнува 3 голови.
Еден е од тројцата најдобри стрелци на Беласица во Втората југословенска лига - исток (1983-1987) со 17 голови. Во сезоната 1983/84, со 7 голови, заедно со Пане Блажевски, е најдобар стрелец во тимот. Од 1984 до 1988 година е капитен на тимот. Во втората шампионска титула (1987/88) на Беласица учествува со 7 голови.
Последниот натпревар го игра со ОФК Кикинда, пролетта 1989 година, во Првата Б југословенска лига. Во 11 сезони одигрува по барем 25 првенствени натпревари.
Многу го сметаат за најдобар центархалф во историјата на Беласица. Неговиот постар брат, Митко Секулов, е исто така долгогодишен играч на Беласица, со 138 првенствени настапи.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 336
- Голови
- 33
Фотографии

Костадин Секулов