
Костадин Капсаров
- Играч
2023–2025
Биографија
Костадин Капсаров е крилен фудбалер на Беласица. Капсаров ги поминува младинските школи на Академија Пандев, каде освојува неколку трофеи. Во младинските категории, во сезоната, 2022/23 игра за младинскиот тим, но понекогаш и за кадетите заедно со: М. Ѓоргиевски, браќата Џекови, Д. Трајков, К. Стојанов, Љ. Христовски, М. Костов, Ж. Крстев, А. Велков, Ф. Митев, Н. Талески, Ѓ. Трајков, М. Стоилов, С. Вргов,... (од овие 15 играчи, дури 10 имаат играно во сениорска конкуренција за Беласица). Со младинскиот тим е вицешампион, а со кадетскиот тим е шампион на Македонија за сезоната, 2022/23. Во сениорскиот состав на Академија Пандев, настапува во август 2022 година, против Брегалница Штип, на 17 години и 2 месеци и тоа е негов единствен натпревар. Летото 2023 година, преминува во Беласица, заедно со Љ. Христовски, каде од претходно веќе се, Ѓ. Трајков и М. Стоилов. Капсаров дебитира против Пелистер, во 1 коло. Првиот гол во дресот на Беласица го постигнува против Беса, а стрелец е и против Новаци и Караорман. Во првата своја сезона во Беласица, 2023/24, забележува 22 настапи и 3 гола. Во есенската полусезона, 2024/25 ги одигрува сите 15 натпревари и постигнува 2 гола, но има и голем број асистенции. Во јануари 2025 година заминува во екипата на Детонит од Радовиш, каде игра последните 6 месеци. Но, со создавањето на силен тим на Беласица, Капсаров се врати во Струмица и одигрува 14 натпревари и со 5 гола е еден од најефикасните. Капсаров вкупно досега има одиграно 52 натпревари за Беласица и има постигнато 10 гола. Во јануари 2026 година заминува во Брегалница Штип и станува со нив шампион на Втората македонска лига. Ова лето премина во амбициозниот Пелистер.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 52
Фотографии

Костадин Капсаров