Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Коста Ефински

  • Играч
  • Тренер

1953–58

Биографија

Коста Ефински е некогашен фудбалер на Беласица од 50-тите години на минатиот век. Ефински игра за Беласица во сезоната, 1953/54, кога за прв пат Беласица игра во Првата македонска лига и го освојува 4-тото место. Покрај Ефински, во составот се и: М. Панов, К. Харилов, К. Ќосев, С. Џорлев, А. Трендов, А. Ушаков,... Ефински игра и во следната сезона 1954/55, кога Беласица пак игра во Првата македонска лига и на крај го зазема 7-тото место од 12 екипи. Летото 1955, Беласица не успева да се пласира во новоформираната 4-та зона, па Ефински и Беласица ќе играат во Штипски потсојуз. Беласица убедливо ќе го освои првенството и пак ќе игра квалификации за влез во 4-тата зона. Во двомечот со Пелистер, Беласица ќе успее да победи. Офанзивниот дел на Беласица е во состав: Ќосев, Караманов, Цветков, Ефински и Харилов. Беласица ќе игра во сезоната 1956/57, во 4-тата зона. Ефински ќе е стрелец на двата гола во првото коло против Слобода од Ужице. Ефински ќе даде гол и на гостувањето против Слога од Краљево, а ќе е стрелец и против Тимок од Заечар. Ефински заедно со В. Цветков ќе се главни стрелци на Беласица во оваа сезона. Ефински во оваа сезона ќе одигра 19 натпревари и ќе постигне 4 гола. По заминувањето на тренерот, Чедо Хаџиски, летото 1957 година, Ефински ја презема и тренерската улога во Беласица. Ефински во оваа сезона во Штипскиот потсојуз, ќе биде играч и тренер. Ефински ќе постигне, повторно 4 гола, а последен негов гол во дресот на Беласица ќе му е против Тиквеш, во април 1958 година. Беласица ја освојува титулата и ќе се пласира пак во Првата македонска лига, а Ефински ја завршува својата кариера.

Кариера

Беласица

Настапи
55–60

Периоди

Тренер
1957–1958

Фотографии

  • Коста Ефински