Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Коле Христов - Малакот

  • Играч

1960–1966

Биографија

Коле Христов - Малакот е поранешен фудбалер на Беласица од 60-тите години на минатиот век. Во седум сезони има одиграно над 80 натпревари и постигнато 16 гола. Христов дебитира за Беласица во октомври 1960 година против Работнички, а веќе на следниот натпревар со Металург во Скопје го постигнува и првиот гол. Во оваа своја прва сезона, 1960/61, на 12 натпревари постигнува 4 гола. Во нападот покрај него оваа сезона се и: Пантазиев, А. Гошев, Цветков и Зафиров. Во сезоната, 1961/62, игра за Беласица во Штипски потсојуз. Во следната сезона, 1962/63, Христов на 16 натпревари постигнува 2 гола. Во сезоната 1963/64 игра на само 4 натпревари, но веќе следната сезона одигрува 12 натпревари и постигнува 3 гола. Повеќе голови од него, оваа сезона постигнуваат само: Џидалов, Пантазиев и Б. Пандев. Во сезоната, 1965/66, Христов постигнува рекордни за себе, 6 гола на 22 натпревари. Покрај него во нападот ќе се: Т. Семенков, С. Џорлев, Д. Иванов и М. Чинков. Есенската 1966 полусезона е негова последна во кариерата. Одигрува 7 натпревари, а последен му е против Тиквеш. Во февруари 1967 година, Христов со С. Џорлев, М. Ризов и Д. Џртев решаваат да ја завршат својата кариера.

Кариера

Беласица

Настапи
83–89
Голови
16

Фотографии

  • Коле Христов - Малакот