
Кочо Ќосев
- Играч
1950–1960
Биографија
Кочо Ќосев е поранешен фудбалер на Беласица од 50-тите години на минатиот век. Кочо Ќосев е дел од славниот младински тим на Беласица, кој влегол меѓу четирите најдобри младински тимови во Македонија. Во првиот тим на Беласица, дебитира во пролетта 1950 година. Првиот гол го постигнува против градскиот ривал, Работник, во мај 1950 година. Во 5-тото коло постигнува хет-трик против Манло Малиманов од Неготино. Ќосев ќе игра стандардно, на позицијата десно крило и ќе постигне вкупно 8 гола во првенството и квалификациите. Ќосев го среќаваме меѓу стрелците и во 1951 година, против Локомотива од Гевгелија. Потоа, заминува во ЈНА. Во првиот тим на Беласица, се враќа есента 1953 година. Постигнува два гола во првото коло против Ц. Звезда од Титов Велес, во првиот натпревар на Беласица во Македонска лига. Ќосев ќе е најдобар стрелец на Беласица со 8 гола, во Првата македонска лига. Следната сезона, 1954/55, постигнува хет-трик против Брегалница од Штип. По два гола постигнува против Работник од Битола и Преспа од Ресен и со 7 гола, ќе е втор стрелец на екипата, веднаш зад В. Цветков. Во сезоната 1955/56, Беласица е шампион на Штипскиот потсојуз, Ќосев го среќаваме меѓу стрелците против Победа од Велес. Ќосев игра и во квалификациите против Пелистер. Во 4-тата зона, Ќосев одигрува 13 натпревари, а постигнува голови против Приштина и Трепча. Есента 1957 година, постигнува три гола во Штипски потсојуз. Во сезоната 1958/59, постигнува гол против Слога од Скопје, што ќе е негов последен гол во дресот на Беласица. Последна негова сезона во дресот на Беласица е 1959/60 година.
Во дресот на Беласица од податоците што ги имаме, Кочо Ќосев-Џигич постигнува 30 гола, а веројатно има многу повеќе, но ни фалат податоци од две сезони (1951, 1955/56). Ќосев заедно со В. Цветков се двајцата најдобри стрелци на Беласица во педесетите години на минатиот век.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 120–135
- Голови
- 30
Фотографии

Кочо Ќосев