Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Коче Чачев

  • Играч

2005–2015

Биографија

Коче Чачев е поранешен играч на Беласица, Тиверија, Дојранско Езеро, Нов Милениум, Силекс, Миравци и Напредок од Радово. Со пионерите на Беласица, Чачев во 2003 година го освојува купот на Македонија, со триумфот над Пелистер од 3:1. Следната сезона со кадетскиот тим на Беласица игра финале на куп, пак со Пелистер. Чачев игра и за тимот на Беласица во февруари 2006 година, кој ќе настапи на турнирот во Виареџо и ќе успее да ја победи и Џенова со 2:0. Во мај 2006, Чачев е капитен на младинската екипа на Беласица, која со победата од 2:1 над Силекс, го освојува купот. Ова е екипа од која излегоа играчи како: К. Захов, Др. Стојков, А. Милушев, Д. Митрев, М. Алаѓозовски, Т. Андреев,... Чачев дебитира во сениорскиот состав на Беласица во септември 2005, против Вардар во Скопје. Чачев уште во првата своја сезона како сениор ќе настапи на 18 натпревари, од кои 16 како стартер во одбраната, а ќе постигне и гол против Работнички. Сезоната 2006/07, ја поминува во ФК Дојранско Езеро, заедно со В. Николов, Н. Танушев, М. Стојков,... Во есенската 2007 полусезона игра за второлигашот, Нов Милениум од Сушица, во одбраната заедно со: Захов, Ташев, Митрев, Иванов и Атанасов. Потоа, ќе игра кратко и во Силекс. Се враќа во Беласица летото 2008 година и ќе игра цела сезона, 2008/09, притоа одигрувајќи 25 натпревари и постигнувајќи 2 гола против Вардар во Неготино и Скопје. Летото 2010 преминува во Тиверија, со која игра една сезона во Третата макулига - исток. Летото 2011 година се враќа во Беласица и ќе настапи на 8 натпревари во есенскиот дел. Пролетта 2012 година е во Миравци, каде тренер му е Шефки Арифовски, а соиграчи Б. Најденов и Т. Јанев. Со Тиверија во сезоната, 2012/13, станува шампион на Третата македонска лига - исток и низ бараж влегува во Втората македонска лига. Во следната сезона,2013/14, игра за Тиверија во Втора македонска лига и ќе забележи 22 натпревари и ќе постигне 3 гола. Летото 2014 заминува во екипата на Напредок Здравје од Радово, за да во јануари 2015 година се врати во Беласица. Во пролетниот дел ќе одигра 10 натпревари и ќе постигне 2 гола за Беласица и ќе помогне во освојувањето на титулата во Третата македонска лига - исток. Но во баражот против Победа од Прилеп, Беласица нема да успее и Чачев решава на 28 години да ја заврши својата фудбалска играчка кариера. За Беласица, во 4 сезони, вкупно одигрува 61 првенствен натпревар и постигнува 5 гола.

Кариера

Беласица

Настапи
61
Голови
5

Фотографии

  • Коче Чачев