Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Коце Костадинов

  • Играч

1964–1978

Биографија

Коце Костадинов, легендарен голман на Беласица и Тиверија во периодот од 1964 до 1978 година. Во 12 сезони поминати во Беласица, има забележано вкупно 166 настапи на официјални натпревари, а има постигнато и еден гол. Костадинов дебитира во дресот на Беласица во октомври 1964 година во натпреварот против Металург во Скопје. Оваа есенска полусезона забележува 8 настапи, по што заминува во ЈНА, во следните 18 месеци. Есента 1966 година се враќа на голот на Беласица и е голмански тандем со Р. Комаров. Костадинов брани на 23 натпревари во сезоната 1966/67, а со Борец од Велес ќе постигне и гол во победата од 5:1. Следната сезона, 1967/68, брани на 14 натпревари, а покрај него, голмани во тимот се и Б. Истатов и С. Босиљанов. Во следните три сезони, 1968-1971, Костадинов брани на 75 натпревари. Во сезоната 1971/72 брани на 25 натпревари. Летото 1972 преминува во Тиверија.

Во Тиверија настапува во периодот од 1972 до 1975 година, во тие три и пол сезони забележува 85 настапи на официјални првенствени натпревари. За Тиверија дебитира во натпреварот во квалификациите за влез во Првата македонска лига, против Напредок од Кичево, кој завршува со резултат од 2:1. За Тиверија ќе брани во сезоната 1972/73, кога Тиверија ќе се избори за влез во Првата македонска лига. Последниотнатпревар во Тиверија му е против Рудар во Пробиштип. Во јануари 1976 година се враќа во Беласица и ќе биде голмански тандем со Д. Георгиев, во следните три години. Последниотнегов првенствен натпревар е против Работнички во Струмица, октомври 1978 година, на негови 36 години. Беласица му организира и свечено простување на својата голманска легенда. Со вкупно 251 настап за двата струмички клуба, заедно со Д. Георгиев и М. Илиев се тројцата голмани со најмногу настапи за двата клуба заедно.

На крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите години бил сметан за еден од најдобрите голмани во Македонија.

Кариера

Беласица

Настапи
166
Голови
1

Фотографии

  • Коце Костадинов