Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Кире Манолев

  • Играч

1972–1975

Биографија

Кире Манолев, одбранбен играч на Беласица и Тиверија. Во сезоната 1970/71 игра во Тиверија. Потоа преминува во Беласица и својот прв настап го има во март 1972 година, против Слога во Скопје. Во оваа полусезона игра на 8 натпревари. Во сезоната 1972/73 е стандарден на позицијата, десен бек, одигрува 31 натпревар,а постигнува и гол против 11 октомври од Прилеп. Во следната сезона,1973/74, минутажата на десната бековска позиција ја дели со И. Андреев. Вкупно одигрува 16 натпревари во таа сезона, а во следната сезона, 1974/75, игра на 11 натпревари. Последен негов натпревар му е против, Брегалница во Штип, април 1975 година. Вкупно за 4 сезони, Манолев одигрува 66 натпревари и постигнува еден гол.

Кариера

Беласица

Настапи
66
Голови
1

Фотографии

  • Кире Манолев