Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Јован Василев

  • Играч

1990–1998

Биографија

Јован Василев е поранешен напаѓач на Беласица, Плачковица, Борец од Велес,... Дебитира за сениорскиот тим на Беласица во август 1990 година, против Рудар од Пробиштип. Својот прв гол го дава против ФЦУ во Скопје. Во првата своја сезона (1990/91) во Беласица забележува 15 првенствени настапи. Следната сезона игра само во 3-тото коло против Осогово од Кочани. По втор пат ќе настапува за Беласица, во сезоната, 1994/95, кога ќе одигра 17 натпревари и ќе постигне 3 гола. Есента 1995, ќе биде убедливо најдобриот напаѓач на Беласица со 5 гола, во нападот покрај: Т. Атанасов, П. Стојанов, З. Начевски и П. Ристевски. На крајот од оваа сезона, 1995/96, со Беличев ќе се најдобри стрелци на тимот со 6 гола, секој од нив. Летото 1996 година, заедно со: П. Ристевски, П. Стојанов, М. Иванов и З. Начевски одат во Плачковица од Радовиш,кој ја води Р. Јанушев. Таму ќе игра една сезона, пред да се врати летото 1997, пак во Беласица. Ќе одигра 18 натпревари и ќе постигне еден гол, во сезоната 1997/98, кога Беласица отпаѓа. Летото 1998 година преминува во Борец од Велес заедно со Дориев и Стоев, каде ќе играат следниве две сезони.

Во Беласица во 5 сезони, одигрува 73 првенствени натпревари и постигнува 11 гола.

Кариера

Беласица

Настапи
73
Голови
11

Фотографии

  • Јован Василев