Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Јордан Серафимовски

  • Играч

2011–2023

Биографија

Јордан Серафимовски е поранешен играч на Беласица, а има настапувано и за Силекс и за Тиверија. Ги поминува младинските школи на Беласица. Но, во сениорска конкуренција дебитира на 18 години, во екипата на Тиверија, во сезоната 2009/10, кога тимот го освојува второто место во Третата македонска лига - исток. Следната 2010/11 ја поминува, исто така, во Тиверија. Летото 2011 година се враќа во Беласица. Дебитира во дресот на Беласица против Пелистер во Битола, на 20 години. Првиот гол го постигнува против Миравци во 9-тото коло. Пролетта 2012 г. ги игра сите натпревари, вкупно 24. По оваа сезона, повторно се враќа во Тиверија и во сезоната 2012/13, Тиверија станува шампион на Третата македонска лига и се изборува за влез во Втората македонска лига, преку бараж-натпревар. Во Втората македонска лига, Јордан и идниот репрезентативец, Тихомир Костадинов, одигруваат најмногу натпревари, по 26.

Во сезоната 2014/15, за Тиверија ќе одигра 22 натпревари и со 4 гола ќе е најефикасен стрелец. Летото 2015 година се враќа пак во Беласица. Следните 5 и пол сезони ги поминува во Беласица, одигрувајќи 131 натпревар и постигнувајќи 9 гола. Тимот на Беласица во 2017 ќе успее да влезе во Втората македонска лига, а во 2018 година и во Првата македонска лига. Во сезоната 2018/19, Јордан со Беласица игра во Првата македонска лига и во полуфиналето на македонскиот куп. Во оваа сезона има најмногу одиграни натпревари, вкупно 32. Серафимовски есента 2020 г. игра на 16 натпревари за Беласица. Во февруари 2021 г. преминува во прволигашката екипа на Силекс. Со Силекс го освојува купот на Македонија за 2021 г., победувајќи ја Академија Пандев на пенали, игра и на 9 натпревари во првенството. Летото 2021 г. со Силекс игра во двата натпревари во конференциската лига на Европа.

Следната сезона, 2021/22, пакја поминува во Силекс и игра на 23 натпревари и постигнува 2 гола и успева со својот тим да го освои првенството на Втората македонска лига - запад. И оваа сезона Силекс игра финале на купот, но губи на пенали од Македонија од Ѓорче Петров. Летото 2022 година пак се враќа во Беласица. Одигрува 22 натпревари во сезоната 2022/23 во Вторатата македонска лига. Есенската полусезона 2023 г. е неговата последна и на 32 години ја прекинува својата кариера. Јордан има одиграно 187 првенствени натпревари за Беласица, со што е на 23 место на вечната листа на Беласица и го има етаблирано својот статус на клупска легенда. Во 9 сезони во Беласица, Серафимовски има постигнато и 11 гола.

Кариера

Беласица

Настапи
187
Голови
11

Фотографии

  • Јордан Серафимовски