Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Јордан Николов

  • Играч
  • Тренер

Биографија

Јордан Николов - Бокото е играчка и тренерска легенда на Беласица. Во составот на Беласица го среќаваме во мај 1937 година, на бековската позиција, а го среќаваме и во составот од 1940 година. Во 1943 година, Беласица игра во Пиринската спортска област, а Николов е капитен на екипата и стандарден десен бек, кој игра на 5 од 6-те натпревари за Беласица во таа сезона. Во состав на Беласица, покрај него се и: В. Грчев на голман, Т. Атанасов, А. Пакетов, А. Масев, П. Ефтимов, Х. Биралиев, Г. Георгиев, И. Костов, Александар и Асен Белеви, К. Џинев,...

Во 1950, Бокото го води подмладокот на Беласица, кој ќе игра во полуфиналето на првенството на Македонија. Од оваа генерација, ќе излезат многу подоцнежни фудбалери на Беласица: В. Цветков, Т. Ефтимов, Р. Гошев, А. Трендов,... Бокото во сезоната 1952/53 ќе го предводи првиот тим на Беласица. Бокото ќе го предводи тимот на Беласица и во сезоната, 1959/60, кога на крајот Беласица ќе заврши на 4-то место. Во сезоната 1962/63, по трет пат Николов е на чело на Беласица и ја води до 6-то место. Во овој тим на Беласица се: Комаров, М. Џорлев, Џртев, Ризов, Т. Панов, Ефтимов, Пантазиев, Георгиев, Цветков, Стпјанов, Димков, Христов, Шумаров,... Пролетта 1968 година, пак доаѓа Бокото на чело на Беласица и на крај завршува 5-та. Николов ја предводи Беласица и во сезоната 1968/69 и го освојува седмото место на крај. Во овој тим играат: Костадинов, Ќучуков, Димитров, Зографски, Дрвошанов, Трајков, Чинков, Пантазиев, Семенков, Панчуров, Џидалов, Ашиков,... Есенската 1969 полусезона е последна, во која Бокото е на чело на Беласица. Во периодот од 1950 до 1970 година, Бокото со Ч. Хаџиски се двајцата тренери, кои најмногу време ја предводеле Беласица.

Неговиот брат, Ристо Николов, ќе биде голман на Партизан од Белград, во периодот од 1946 до 1948 година и ќе брани на 8 натпревари.

Фотографии

  • February 10, 2024

    Стара црно-бела фотографија на Јордан Николов - Бокото покрај теренот