
Јелич Петровиќ
- Играч
1964–1968
Биографија
Јелич Петровиќ е поранешен фудбалер на Беласица и Брегалница од Штип. За Беласица настапува 4 сезони и одигрува 86 првенствени натпревари и постигнува 25 гола.
За Беласица започнува да игра летото 1964 година. Дебитира за Беласица во 3-тото коло против Југохром во Јегуновце. Првиот гол го дава во пролетниот дел против Охрид. Вкупно, во оваа сезона, ќе игра на 17 натпревари во одбраната. Следната 1965/66, игра на 18 натпревари и постигнува два гола. Со заминувањето на П. Пантазиев и М. Џидалов во ЈНА, Петровиќ игра во нападот со С. Џорлев, Т. Семенков и М. Чинков. На крајот од сезоната 1966/67, Петровиќ е прв стрелец на тимот со 10 гола. По два гола им дава на Овче Поле и Пелагонија од Битола. Во сезоната 1967/68, Петровиќ е уште поефикасен и со 12 гола, по втор пат ќе е најдобар стрелец на тимот. Позади него на листата на стрелците ќе се: Семенков со 10, Ашиков и Џидалов со 7 и Пантазиев со 6 гола. Последен гол во дресот на Беласица му е против КСК Куманово, а последен натпревар против Работнички од Скопје.
Летото 1968 година заминува во Брегалница од Штип, каде ќе игра долги години во Втората југословенска лига - исток и во Првата македонска лига.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 83
- Голови
- 25
Фотографии

Јелич Петровиќ