
Илија Андреев
- Играч
- Тренер
1972–1983
Биографија
Илија Андреев, легендарен халф и десен бек на Беласица во периодот од 1973 до 1980 и во 1983 година. Во 10-те сезони поминати во Беласица, забележува 167 првенствени натпревари и постигнува 8 голови. Дебитира пролетта 1973 година на 17 години против Осогово во Кочани. Во следната сезона настапува на 19 натпревари и го постигнува својот прв гол против Брегалница од Штип за победа во тој натпревар. Во сезоната 1974/75 одигрува 28 натпревари на десната бековска позиција, за да започне да настапува во сезоната 1975/76 како халфовски тандем со Т. Пецев. Во таа сезона со 4 голови е 4. стрелец на тимот, а против Југококта постигнува хет-трик. Во сезоната 1976/77 настапува на 28 натпревари. Во третото коло од сезоната 1977/78 се повредува против Слога во Виница и таа сезона одигрува само 5 натпревари.
Во сезоната 1978/79 одигрува како дел од халфовската линија, во која покрај него, настапуваат и Дрвошанов, Пецев и Мастев. Во сезоната 1979/80 одигрува 27 натпревари. По одигрувањето на есенската полусезона 1980 година, цела 1981 година ја поминува во ЈНА. По враќањето од ЈНА, пролетта 1982 година настапува за Тиверија, додека есенската полусезона 1982 година ја игра во Бучим Радовиш. Пролетта 1983 година се враќа во Беласица, а последниот настап го забележува против Охрид, во мај 1983 година. Оваа сезона Беласица станува шампион на Македонија за за прв пат во својата историја.
Есента 1983 г. оди во Вардарски Богданци и оваа сезона настапува заедно со уште неколку струмичани: Р. Анчев, А. Мишев и М. Морацалиев, а тренер е Д. Џртев. Пролетта 1985 година пак настапува за Тиверија на 10 натпревари и тоа ќе биде неговата последна полусезона.
Тренерската кариера ја започнува во младинските категории на Беласица, за да стане потоа тренер на првиот тим на Тиверија, сѐ до 1992 година. Потоа се враќа во Беласица како помошен тренер на Г. Петровски во сезоната 1992/93. Подоцна му се приклучува на Т. Пецев во младинската екипа на Беласица, со која во таа 1992/93 година ќе го освои купот на Македонија. Во следната 1993/94 ќе биде помошен тренер на Н. Илиевски-Џиџи. Тренерската кариера ќе ја продолжи како тренер на младинската екипа на Беласица до 1997 година.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 167
- Голови
- 8
Периоди
- Тренер
- 1992–1993
Фотографии

Илија Андреев