
Илче Поцев
- Играч
2001–2003
Биографија
Илче Поцев е поранешен фудбалер на Беласица, Вардар, Хоризонт, Јака, Брегалница од Делчево и неколку австриски клубови. Кариерата ја почнува во родниот Радовиш во екипата на Плачковица (Јака). Во Беласица преминува во јануари 2001 година. Во првата своја полусезона во Беласица ќе одигра 4 натпревари. Дебитира во составот на Беласица против Тиквеш во Струмица. Во сезоната, 2001/02, Беласица ќе е вицешампион, а Поцев ќе настапи на 17 натпревари во одбраната на Беласица покрај: Христовски, Костов, Дориев, Р. Попов, Матеничарски, Петковски,... Летото 2002 година, заминува на позајмица во новиот прволигаш, Брегалница од Делчево, заедно со Љ. Савиќ и Матеничарски. По 6 месеци се враќа во Беласица и ќе одигра уште 6 натпревари, а Беласица пак е втора зад Вардар. Поцев ги игра двата натпревари за Беласица во купот на УЕФА против Публикум од Словенија. Во сезоната, 2003/04, заедно со Р. Христовски одигруваат најмногу натпревари за Беласица, вкупно 26. Во август 2004, во првото коло од новото првенство го одигрува последниот натпревар за Беласица, против Маџари од Скопје. Во 5 различни сезони, Поцев ќе одигра 54 натпревари за Беласица. Во ноември 2004 година заминува во Австрија, во тимот на Аниф, каде ќе остане во следните две и пол сезони. Во март 2007 година се враќа во Македонија и преминува во скопски Вардар, каде ќе игра во следните 10 месеци. Во почетокот на 2008 година, пак се враќа во Австрија, пак во тимот на Аниф. Во летото 2009 година, за последен пат се враќа во македонскиот фудбал и преминува во прволигашот Хоризонт од Турново. Во Хоризонт ќе остане 6 месеци и на крајот на есенскиот дел Хоризонт ќе го освои 4-тото место. Поцев ќе игра во одбраната, покрај: С. Димовски, М. Ташев, А. Милушев, М. Шишков, Р. Христовски, Д. Митрев, Т. Петров,... Во јануари 2010 година се враќа во Австрија, каде ќе игра до крајот на својата фудбалска играчка кариера во тимовите на Нојмаркт и Плејнфелд. По завршувањето на играчката кариера, почна да се занимава и со тренерската работа пак во овие два австриски клубови.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 54
Фотографии

Илче Поцев