Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Горан Стојменов

  • Играч

1982–1986

Биографија

Горан Стојменов е напаѓач на Беласица од осумдесеттите години на минатиот век, кој се одликувал со својата брзина и бил еден од најперспективните фудбалери во Македонија, во тој период. Ја поминува младинската школа на Беласица, во генерацијата, во која се: Б. Марков, М. Даскаловски, Н. Џорлев, З. Истатов,... Дебитира за сениорскиот тим на Беласица, пролетта 1982 год. против Вардар од Неготино, на само 16 години. Во првата своја сезона, во Беласица, 1981/82, настапува на вкупно 4 натпревари. Паралелно игра и за младинскиот тим на Беласица. Во следната сезона, 1982/83, во која Беласица станува шампион на Македонија, Стојменов одигрува 8 натпревари и го постигнува првиот свој првенствен гол, против РЕК Битола.

Негова најдобра сезона е 1983/84, во Втора југословенска лига - исток, кога забележува 31 официјален настап и постигнува 4 гола. Стојменов игра и во 1/16 на купот на Југославија, против Динамо од Загреб. Стојменов е стрелец на натпреварите во Втората југословенска лига - исток против: Иванград, со Трепча и дома и на гостувањето и против Напредак од Крушевац. По оваа сезона заминува во ЈНА (1984/85) во Белград каде е на мета на белградските клубови. По враќањето во Беласица се повредува есента 1985 со Земун, кога го постигнува и својот 6-ти гол во дресот на Беласица. Негов последен гол за Беласица е пролетта 1986 со Рад во Белград, а додека последен натпревар во дресот на Беласица е против Иванград, во Струмица, во мај 1986 година. Во оваа сезона, 1985/86, Стојменов заради повредата игра на 9 натпревари и постигнува 2 гола. Стојменов настапува за Беласица во периодот од 1982 до 1986 година, вкупно 4 сезони, притоа забележувајќи 51 настап и постигнува 7 голови. Стојменов игра пролетта 1987, една полусезона и во Вардарски од Богданци.

Една ветувачка кариера, за жал мора да биде прекината. По фудбалската кариера, завршува Економски факултет во Скопје и заминува во Салцбург во Австрија, каде живее веќе 30 години и е успешен деловен човек.

Кариера

Беласица

Настапи
51

Фотографии

  • Горан Стојменов