
Горан Стојановски
- Играч
1988–1999
Биографија
Горан Стојановски, легендарен десен бек на Беласица, бескомпромисен борец, кој секогаш добро подготвен даваше максимум на теренот. Неготинецот е играч со најмногу настапи за Беласица, а да не е играч од струмичкиот регион. Настапува за Беласица во три наврати, во периодот од 1988 до 1999 година, вкупно 9 сезони, настапувајќи вкупно на 220 лигашки натпревари и постигнувајќи 6 голови.
Кариерата ја започнува во Вардар Неготино, па на 16 години оди во Победа Прилеп. Во сезоната 1986/87 игра за второлигашот Пелистер. Есента 1987 година игра пак за Вардар Неготино, а во јануари 1988 г. заминува во Вардар од Скопје во Првата југословенска лига. Доаѓа во Беласица летото 1988 г. и дебитира за Беласица во август 1988 против ОФК Кикинда, на своја 21 година. Стојановски и Р. Панов ќе настапат на 32 натпревари и ќе бидат играчи со најмногу настапи заБеласица, во единствената Втора југословенска лига. Во сезоната 1989/90, игра на 29 натпревари во Третата југословенска лига - исток и го дава својот прв гол за Беласица против Бор.
Во летото 1990 г. оди во Борец Велес една сезона (1990/91), па потоа една полусезона (есента 1991) во Балкан од Скопје. Во јануари 1992 година пак се враќа во Беласица и игра на сите 14 пролетни натпревари во Третата југословенска лига - исток. Во сезоната 1992/93, повторно ќе одигра најмногу лигашки натпревари за Беласица, 32 и постигнува 3 голови, што ќе е препорака да биде на списокот на репрезентацијата на Македонија во 1993 година. Во сезоната 1993/94 одигрува 24 натпревари и постигнува 1 гол против Саса. Во 1994/95 е избран за најдобар десен бек на Првата македонска лига, одигрувајќи 25 натпревари. Во сезоната 1995/96 игра на 21 натпревар, а е избран за играч на натпреварот според новинарите на „Нова Македонија“, на домашен терен против Рудар, Балкан и Саса.
Летото 1997 година оди во Тиквеш и останува една сезона (1997/98). Летото 1998 година се враќа по трет пат во Струмица, со цел да ѝ помогне на Беласица да се врати во Првата македонска лига. Беласица го освојува второто место во Втората македонска лига - исток, зад Куманово.
Горан Стојановски е човек кој ја носи во срцето Беласица и Струмица и припаѓа на одбраната група од топ 15 играчи, според бројот на официјални лигашки настапи на сите времиња.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 220
- Голови
- 6
Фотографии

Горан Стојановски