
Горан Пројков
- Играч
2004–2008
Биографија
Горан Пројков е поранешен фудбалер на Беласица, кој со Беласица во младинските категории има освоено неколку трофеи. Тој го има освоено младинскиот куп на Македонија во 2006 година, кога Беласица го совладува Силекс со 2:1. Горан со Беласица има играно два пати на турнирот во Виареџо и тоа во 2006 и во 2008 година, вкупно на 5 натпревари. За Беласица во сениорска конкуренција има дебитирано во април 2005, а првиот гол го постигнува во март 2006 против Ренова. Во сезоната 2005/06, одигрува 24 натпревари во Прва македонска лига. Во сезоната 2006/07, одигрува 11 натпревари и постигнува 3 гола. Есенскиот дел од сезоната, 2007/08, играл на 8 натпревари и за екипата на Беласица од Петрич во Првата бугарска лига. Се враќа пролетта 2008 во Беласица и одигрува уште 9 натпревари и постигнува 2 гола. Вкупно во дресот на Беласица има 45 натпревари и 6 гола.
Освен за Беласица играл во Македонија и за екипите на: Нов Милениум Сушица, 11 Октомври Прилеп, Напредок Кичево, Тиквеш, Брегалница Штип и Охрид. Есенскиот дел од сезоната, 2008/09, игра за Нов Милениум, во нападот заедно со М. Ѓокиќ. Во сезоната, 2009/10, со 9 гола е најдобар стрелец на Напредок од Кичево и успева со овој клуб да се пласира во Прва македонска лига. Потоа игра во екипата на 11 Октомври од Прилеп. Пролетта 2011 одигрува 6 натпревари за Брегалница од Штип, во Прва лига. Во Охрид одигрува 16 натпревари и постигнува 2 гола, во Првата македонска лига, во сезоната 2011/12. Последен клуб во Македонија за Пројков е Тиквеш, за кого игра во сезоната 2012/13. Во јули 2013 година си заминува од Македонија и сеуште игра во австриските лиги, веќе 13-та сезона.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 45
- Голови
- 6
Фотографии

Горан Пројков