
Горан Попов
- Играч
2002–2003
Биографија
Горан Попов, легенда на македонскиот фудбал, кој направи импресивна меѓународна кариера низ настапите во ВБА, Динамо Киев, Херенвен, Црвена Ѕвезда, АЕК… За македонската репрезентација во периодот од 2004 до 2014 настапува на 46 натпревари и дава 2 голови. Дебитира на 11.06.2004 г. против Естонија и на своето деби дава и гол. Игра и за младите репрезентации на Македонија: до 19 години и до 21 година.
Горан Попов ги поминува сите младински категории и во 2002 година е дел од екипата која го освојув младинскиот куп со Беласица. Во сениорскиот тим на Беласица настапува во 3 сезони, играјќи на 26 првенствени натпревари и постигнувајќи 1 гол. Дебитира за првиот тим на Беласица во април 2002 година во дуелот против Цементарница во Струмица, на свои 17 години. Во следната сезона, 2002/03, настапува на 10 првенствени натпревари и е дел од тимот со Р. Попов, Р. Дориев, П. Стојанов, В. Костов, Б. Михајловиќ, Д. Масев, З. Балдовалиев, Р. Христовски… што ќе стане вицешампион на Македонија. Летото 2003 г. настапува за Беласица во купот на УЕФА против Публикум. Во есенскиот дел, во 2003 година, настапува на 15 првенствени натпревари и го постигнува својот единствен гол против Маџари. Во зимскиот преоден рок оди во АЕК, каде пролетта настапува на 8 натпревари. Летото 2004 г. оди во Ц.
Ѕвезда во Белград, игра против ПСВ, ама потоа се повредува и останува тука само една полусезона. Следна станица е Одра во Полска, па пак враќање во Грција (првин игра во Егалео, па во Левадаикос) во летото 2005 година, каде ќе остане до 2008 година. Летото 2008 г. оди во Херенвен, каде со овој тим ќе го освои купот на Холандија во 2009 година. Во летото 2010 година оди во големиот Динамо Киев, каде ќе игра до летото 2012 година. Летото 2012 година оди на позајмица во најсилната лига во Светот, каде ќе игра за ВБА и во почетните месеци ќе е номиниран за играч на месецот на ВБА. Летото 2014 година се враќа во македонскиот фудбал, но во дресот на Вардар од Скопје. Во следните 5 сезони ќе настапи на над 50 првенствени натпревари во дресот на Вардар. Ќе освои и три титули со Вардар (2014/15, 2015/16 и 2016/17).
Последен негов натпревар во кариерата е за Вардар против Беласица, на 04.11.2018 год. Заради сериозна повреда, ќе мора да ја заврши својата кариера.
Фантастична меѓународна и репрезентативна кариера, исполнета со многу успеси.
Помал брат е на уште еден фудбалски бисер на Беласица, Роберт Попов.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 26
- Голови
- 1
За репрезентацијата
- Настапи
- 46
- Голови
- 2
Настапи и голови за македонската репрезентација, според биографиите и книгата „ФК Беласица – гордоста на Струмица“.
Фотографии

Горан Попов