Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Глигор Узунов

  • Играч

1984–1989

Биографија

Глигор Узунов, лево крило на Беласица во периодот од 1984 до 1989 година. Во 5-те сезони во Беласица постигнува 33 голови на 132 официјални првенствени утакмици. Како талентиран млад фудбалер, од Победа Валандово оди во младинските категории на Црвена Ѕвезда Белград, потоа е позајмен на Галеника Земун. Во Беласица доаѓа како големо засилување во летото 1984 година. Уште во првата сезона бил најдобар стрелец на тимот, а особено се памети неговиот хет-трик на последниот натпревар во Белград, против ОФК Белград. Во следните сезони, заедно со Н. Шабани е тандемот кој е одговорен за постигнување голови за Беласица во Втората југословенска лига. Во сезоната 1987/88пак е најдобар стрелец на Беласица со што ѝ помага на Беласица да ја освои титулата во Првата македонска лига. Во сезоната 1988/89, во единствената Втора југословенска лига, одигрува 22 натпревари за Беласица и постигнува 5 гола.

Во летото 1989 година се враќа во својот матичен клуб, Победа од Валандово. Заедно со неговиот сограѓанин, Здравко Зајков, беше валандовскиот двоецкој учествувал во сите успеси на Беласица во Втората југословенска лига - исток, а на крајот, и во Првата Б југословенска лига.

Кариера

Беласица

Настапи
134
Голови
33

Фотографии

  • Глигор Узунов