
Ѓорѓи Станковски
- Играч
2005–2008
Биографија
Ѓорѓи Станковски (роден 1988) е поранешен фудбалер на Беласица, кој потекнува од младинската школа на Беласица. Во Беласица ги прави првите фудбалски чекори во славната и трофејната генерација 1987/88, каде заедно со Сашко Пандев, Александар Милушев, Драган Стојков, Костадин Захов, Мартин Алагозовски, Даниел Јакимовски, Горан Пројков, Деан Митров,... Оваа генерација е една од најуспешните, бидејќи во сите младински категории играат финалиња и освојуваат два пехари.
Со пионерска екипа на Беласица во сезоната 2001/02 година стануваат шампиони на Македонија, каде во финалето во Битола го победуваат домашниот Пелистер со резултат од 3:1. Во финалето, стрелец на еден од головите е Кире Ангеловски, а тимот е предводен од Панче Пандазиев. Во сезоната, 2003/04, во кадетска категорија, играат финале на купот каде овој пат се поразени од Пелистер. Тимот е предводен од Томе Пецев. Во сезона, 2005/06, оваа генерација на Станковски, предводени од Звонко Тодоров, во младинска категорија го освојуваат купот на Македонија со победа над Силекс со резултат од 2:1, а еден од стрелците е Ѓорѓи Станковски. Ѓорѓи учествува на турнирот во Виареџо во 2006 година, кога Беласица забележува две победи. Ѓорѓи Станковски игра на Виареџо купот и во февруари 2008 година, против Милан, Чезена и Малезијците.
За првиот тим на Беласица дебитира во сезоната, 2005/06, во 28-то коло, против Работнички на домашен терен. Во оваа прва сениорска сезона, Станковски игра на 5 натпревари. По испаѓањето на Беласица од Првата македонска лига, најголем дел од оваа генерација 1987/88, игра за сениорскиот состав на Беласица во Втората македонска лига, во сезоната 2006/07. Ѓорѓи Станковски во есенскиот дел игра 13 натпревари и постигнува два гола против Металург и во победата над Маџари од Скопје. Во пролетниот дел, Станковски продолжува да игра за Беласица и вкупно настапува на 23 натпревари во оваа сезона. Станковски останува во Беласица и во сезоната 2007/08, во која настапува на 24 натпревари и постигнува еден гол против Караорман. Во оваа сезона од Станковски, повеќе настапи имаат само: А. Стојанов, Б. Гуцев и Ж. Јурчевски. Во следната сезона, 2008/09, Ѓорѓи Станковски одигрува уште два натпревари и тоа против Маџари и Кожуф. Станковски вкупно во 4 сезони ќе одигра 54 натпревари и ќе постигне 3 гола.
Од сезоната 2008/09 почнува со судење во Првата македонска лига. Ѓорѓи во Прва лига суди на 65 натпревари. Во Втора македонска лига има судено на преку 100 натпревари. Ѓорѓи, заедно со Кире Ангеловски и со Гоцевски Марјан во 2019 година беа најдобра судиска тројка во Република Македонија. Со судиските кариери завршуваат, кога ќе го достигнат врвот на судењето, во мај 2021 година, поради суспензија на ОФС Струмица.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 54
- Голови
- 3
Фотографии

Ѓорѓи Станковски