Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Ѓорѓи Панов

  • Играч

1947–56

Биографија

Ѓорѓи Панов - Бели е поранешен фудбалер на Беласица, во периодот по Втората светска војна. Ѓорѓи е најстар од тројцата браќа Панови, кои играат за Беласица во овој период. Ѓорѓи почнува да игра за првиот тим во 1947 година и игра стандардно на позиција на лев бек. Во сезоната 1948/49 ги игра првите 8 натпревари за Беласица во Штипската зона, заедно со неговиот брат, Митко Панов. Ѓорѓи игра стандардно и во сезоната, 1950 година. Стрелец е на првиот гол на Беласица, во Првата македонска лига, во септември 1953 година. Во одбраната му се приклучува и неговиот брат, Трајко. Ѓорѓи во сезоната, 1954/55, веќе почнува помалку да е во првите единаесет. Негова последна сезона е 1956/57, кога игра на два натпревари и постигнува еден гол против Раднички од Крагуевац. За Беласица одигрува 10 сезони. Подоцна во својот живот еден период е и тренер во Тиверија.

Кариера

Беласица

Настапи
50–55

Фотографии

  • Ѓорѓи Панов - Бели