Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Ѓорѓи Ќучуков

  • Играч

1967–1971

Биографија

Ѓорѓи Ќучуков, легендарен играч и тренер на Тиверија и Беласица.

Кариерата ја почнува во Тиверија и го гледаме во составот на Тиверија во сезоната 1961/62, кој ќе настапува во Штипски потсојуз. За Тиверија ќе игра се до декември 1966 година во Штипски потсојуз. Во јануари 1967 преминува во Беласица, каде ќе остане 5 сезони и ќе одигра 107 првенствени натпревари и ќе постигне два гола. Дебитира за Беласица во гости против КСК Куманово, март 1967 година. Ќе игра стандардно сите сезони на позицијата десен бек. Во сезоната 1968/69 ќе одигра 27 натпревари во одбраната во состав: Костадинов, Ќучуков, Димитров, Зографски, Дрвошанов (Шумаров) и Трајков. Во последната своја сезона во Беласица одигрува 25 натпревари, а последен му е против Вардар од Неготино. Летото 1971 година се враќа во Тиверија, заедно со Маринов, Митев, Панчуров, Ашиков,... Во Тиверија во одбраната ќе игра покрај Митев, Малинов и Маринов. Ќе игра стандардно во составот на Тиверија во следните две сезони и ќе допринесе, Тиверија во 1973 година да влезе во Прва Македонска лига. Ги игра и првите седум натпревари од есента 1973 година. Кога завршува со играчката кариера, ќе биде тренер на Струмешница од Дабиле, а потоа започнува со тренерската работа во Тиверија, првин во младинските категории, во 1976/77, а во 1979/80 е помошник на Ашиков. Во сезоната 1980/81 за прв пат е на чело на екипата. Заедно со Ѓ. Георгиев ја водат Тиверија во сезоната 1982/83. Во периодот од 1986 до 1988, му е помошник на Т. Ефтимов - Жонглер. Во сезоната 1992/93, пак ја предводи Тиверија во Третата Македонска лига - Исток. Есента 1998 ја предводи Тиверија во Втората Македонска лига Исток. Важи за еден од најголемите Тиверијанци. Живот исполнет со фудбал, првин како играч, а потоа и како тренер.

Кариера

Беласица

Настапи
107

Фотографии

  • Ѓорѓи Ќучуков