
Ѓорѓе Танушев
- Играч
2007–2010
Биографија
Ѓорги Танушев е поранешен фудбалер на Беласица и младински репрезентативец на Македонија до 17, 19 и 21 година. Ги поминува сите младински категории на Беласица. За првиот тим на Беласица дебитира во март 2008 година против Слога Југомагнат во Скопје, на свои 17 години. Вкупно одигрува 6 натпревари во неговата прва сениорска сезона, а игра и во баражот за влез во Прва лига против Силекс. Беласица губи 2:0, а покрај Танушев играат уште Кралевски, Гуцев, Јурчевски, Божинов, А. Стојанов, Лиманов, Шишков, Цветковски,... Во следната сезона, 2008/09, Танушев игра на 24 натпревари, а го постигнува и својот прв гол против Цементарница за победа. Во следната сезона, 2009/10, Танушев игра на 16 натпревари и постигнува 2 гола против 11 Октомври од Прилеп. Беласица оваа сезона под водство на Милко Ѓуровски завршува на 8-мо место. За 3 сезони во Беласица, Танушев одигрува 46 првенствени натпревари и постигнува 3 гола. Во овој период, Танушев одигрува и 6 натпревари за репрезентацијата на Македонија до 17 години и 3 натпревари за репрезентацијата до 19 години. Летото 2010 година преминува во Слобода од Ужице, каде игра две сезони, по што преминува во Пролетер од Зрењанин се до летото 2014 година. Во дресот на Пролетер постигнува 4 гола. Есенската полусезона 2014 година ја поминува во Колубара, за да во јануари 2015 година да се врати во Македонија во дресот на прволигашот Хоризонт од Турново. Во пролетниот дел во дресот на Хоризонт ќе постигне 4 гола, а ќе игра за Хоризонт и есенската 2015 полусезона. Пролетта оди во Брегалница од Штип, каде ќе постигне 5 гола. Следните две сезони ќе ги помине во Силекс, за да летото 2018 година премине во Победа од Прилеп. Во дресот на Победа, во сезоната, 2018/19, постигнува 6 гола во Првата македонска лига. Летото 2019 година, пак се враќа во Струмица, но сега за да игра во Академија Пандев. Сезоната 2020/21 ја поминува во Пелистер, за да во сезоната, 2021/22, со Силекс игра во финалето на македонскиот куп, а помага заедно со Ј. Серафимовски Силекс да се врати во Првата македонска лига. Сезоната, 2022/23, ја поминува во Гостивар и успева да помогне тимот да влезе во Прва македонска лига. Во септември 2023, пак се враќа во Пелистер.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 48
Фотографии

Ѓорѓе Танушев