
Ѓорѓе Џонов
- Играч
2017–2019
Биографија
Ѓорѓе Џонов е поранешен фудбалер на Беласица, Миравци, Силекс, Металург, Кожуф,... Џонов е дел од тимот на Миравци, кој во сезоната, 2010/11, се изборува да игра во Првата македонска лига. Но заради фузијата со Вардар, тоа не се случува. Џонов продолжува да игра за Миравци до летото 2013, кога клубот се преселува во Гевгелија и се преименува во Кожуф. Во јануари 2014 година преминува во прволигашот, Металург од Скопје. Во јули 2014 му се придружува на тимот на Силекс, каде останува две и пол сезони и одигрува 40 првенствени натпревари. Со Силекс, во сезоната, 2015/16, го освојува третото место, што му обезбедува место во Европа. Џонов настапува на лев бек, во двомечот против Вадуз, летото 2016, а соиграчи му се: Б. Гуцев, Ѓ. Танушев, М. Мицков, А. Каланоски, Н. Вујанац,... Во јануари 2017 ѝ пристапува на Беласица и дебитира против Брегалница од Делчево. Во пролетниот дел, Џонов ги одигрува сите 13 натпревари и постигнува 3 гола. Џонов настапува стандардно за Беласица, во Втора македонска лига. Џонов со одиграни 20 натпревари и 2 гола, помага Беласица да стане шампион на Втората лига. Џонов одигрува 17 натпревари за Беласица, во сезоната, 2018/19, во Прва лига. Последен натпревар за Беласица му е против Шкендија, што е негов јубилејен 50-ти.
Во летото 2019 година преминува во Кожуф. Но, за жал само по една сезона, во 2020 година, Џонов се соочува со тешка болест и починува во јули 2022 година, на само 30 години.
Вечна му слава!
Кариера
Беласица
- Настапи
- 50
Фотографии

Ѓорѓе Џонов