
Ѓорги Марков
- Играч
2007–2020
Биографија
Ѓорги Марков е поранешен играч на Беласица, Силекс, Тиверија, Гостивар, Хоризонт, Академија Пандев и Брегалница од Штип.
Марков ја почнува својата кариера во младинските категории на Беласица и дебитира против Дрита во октомври 2007 година, на свои 15 години и 10 месеци. Во својот трет натпревар ќе постигне хет трик против Нов Милениум за победа од 3:1, вкупно со 4 гола ќе е најдобар стрелец во есенската полусезона, 2007, кога Беласица игра во Втората македонска лига. Во оваа сезона, 2007/08, ќе одигра вкупно 11 натпревари и ќе постигне 4 гола. Марков ќе е младински репрезентативец на Македонија до 17 години. Во следната сезона, 2008/09, одигрува 6 натпревари. Во следната, 2009/10, Марков ќе е прв стрелец на тимот до 8 гола на 16 натпревари, пред Лиманов со 7, Коњарски со 3 и Танушев и Тимов со 2 гола. Беласица и во следната 2010/11 ќе игра во Втора македонска лига, а Марков со 11 гола на 23 натпревари повторно ќе е најдобар стрелец на тимот, по втор пат последователно. Летото 2011 година, на свои 19 години преминува во прволигашката екипа на Силекс од Кратово, каде во следните две години ќе одигра 36 натпревари. Во сезоната 2013/14 ќе игра во Тиверија на 21 натпревар, која тогаш настапува во Втората македонска лига. Летото 2014 заминува во тимот на Гостивар, каде игра половина сезона во Втората лига. Во јануари 2015 преминува во прволигашот,Хоризонт од Турново. Летото 2015 година преминува во тимот на Академија Пандев со која од Трета ќе дојде до Прва македонска лига. Летото 2018 оди да игра во тимот на Брегалница од Штип, каде ќе настапува една сезона. Летото 2019 година, по 8 сезони пак се враќа во Беласица. Во есенската полусезона, 2019, ќе постигне 3 гола и ќе биде четврт стрелец на тимот, зад М. Мирчевски, Д. Размоски и А. Милушев. Беласица ќе е есенски шампион на Втората македонска лига, а Марков во јануари 2020 ќе одлучи да се иссели од Македонија и ќе ја заврши неговата кариера во македонскиот фудбал на 28 години. Во Беласица во 5 разлини сезони ќе одигра 63 првенствени натпревари и ќе постигне 26 гола, со што е меѓу 30-те најдобри стрелци во историјата на Беласица. Негов татко е Бранко Марков,кој има 27 првенствени гола во дресот на Беласица, а негов дедо е Ѓорги Марков, поранешен претседател на Беласица. Три генерации од семејството Маркови, кои дале свој допринос во фудбалската историја на Беласица.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 68
- Голови
- 26
Фотографии

Ѓорги Марков