Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Ѓорге Глигоров

  • Играч

2011–2016

Биографија

Ѓорге Глигоров е поранешен играч на Беласица, Силекс, Хоризонт, Саса, Детонит, Осогово и Тетекс. Ги поминува сите младински категории на Беласица и учествува на турнирот во Виареџо во 2013 и 2014 година. Во сениорскиот состав на Беласица дебитира есента 2011 година, на свои 17 години. Во својата прва сениорска сезона одигрува 14 натпревари за Беласица во Втората македонска лига. Ѓорге е стандарден во сезоната 2012/13, покрај: С. Краљевски, М. Алаѓозовски, А. Багашовски, А. Стојанов, Ѓ. Лиманов,... Во следната сезона, 2013/14, Беласица е шампион во Третата македонска лига - исток, а Глигоров одигрува 21 натпревар и постигнува 3 гола. Летото 2014 заминува во прволигашот Силекс, а во јануари 2015 година оди во друг прволигаш, екипата на Хоризонт од Турново. Летото 2015 година пак се враќа во Беласица. Во сезоната 2015/16, Ѓорге одигрува 18 натпревари за Беласица. Тој постигнува и 3 гола и тоа на првиот натпревар против Саса и на двата натпревари против Плачковица. Есента 2016 одигрува 7 натпревари, а негов последен во дреаот на Беласица е против Тиверија. Во 5 сезони за Беласица одигрува околу 85 натпревари. Во јануари 2017 година оди во второлигашот, Хоризонт каде одигрува 14 натпревари,. Во јануари 2018 година заминува во Саса. Кариерата понатаму го води во Детонит од Радовиш и Осогово. Во август 2021 година за минува во Тетекс, каде ја одигрува својата последна сезона (2021/22) во Втората македонска лига -запад, настапувајќи на 20 натпревари.

Кариера

Беласица

Настапи
85–90

Фотографии

  • Ѓорге Глигоров