Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Ѓоксен Лиманов

  • Играч

2006–2014

Биографија

Ѓоксен Лиманов, долгогодишен напаѓач на Беласица и еден од најдобрите стрелци во нејзината историја. За Беласица настапува во 8 различни сезони и има одиграно 172 натпревари и постигнато 64 првенствени голови. Од овие 64 голови, 36 се постигнати во Вторатамакедонска лига, а другите 28 голови, во Третата македонска лига - исток. Својот фудбалски пробив го прави во дресот на Силекс, каде заминува во 2001 година, на 16 години. Игра и за младинската репрезентација на Македонија до 17, до 19 и до 21 година. Со Силекс ќе игра и во еврокуповите против Марибор од Словенија и Беитар од Израел. Во Беласица доаѓа од Силекс летото 2006 година, кога Беласица испаѓа од Прватата македонска лига. Во август 2006 година, на 21 година, дебитира за Беласица против Металург и го постигнува и својот прв гол. Оваа сезона, 2006/07, со 11 голови на 29 натпревари е прв стрелец на тимот.

Летото 2007 година оди во Турново, каде игра една полусезона и пак се враќа во Беласица. За Беласица игра во пролетната полусезона 2008 година и со 5 голови е трет стрелец на тимот. Во сезоната 2008/09 постигнува 3 голови на 22 натпревари. Во следната 2009/10 постигнува 7 голови и е втор стрелец зад Ѓ. Марков. Во последните две второлигашки сезони за Беласица, постигнува по 5 голови. По испаѓањето во Третата македонска лига - исток, игра само есента 2012 година, а во јануари 2013 г. со Ал. Стојанов одиво Корзо од Прилеп. Летото 2013 година се враќа во Беласица и во сезоната 2013/14 на 23 натпревари постигнува 28 голови и убедливо е прв стрелец на тимот. Последниотнегов натпревар е баражот против Вардар од Неготино, што го губат со 2:1. Летото 2014 г. се враќа во родниот Радовиш кадеќе игра за Плачковица во следните 8 сезони, сѐ до 2022 година, кога се откажува на 37 години.

Кариера

Беласица

Настапи
172
Голови
64

Фотографии

  • Ѓоксен Лиманов