
Ѓоко Хаџиевски
- Тренер
Биографија
Ѓоко Хаџиевски во 1988 година станал тренер на првата екипа на Пелистер. Од клупата на Пелистер направил трансфер во Вардар во 1991 година. Тогаш Хаџиевски го внесува Вардар од Втората во Првата југословенска лига. Во сезоната 1991/92, Вардар ја совладува Црвена Звезда, која била бранител на титулата и европски шампион. Во првото првенство во независна Македонија, освоил двојна круна, без пораз. По сезоната 1992/93, отишол во ЦСКА од Софија и таму бил првиот странски тренер во бугарскиот фудбал.
Тој поднесол оставка како тренер на Вардар во летото 2003 година. Помеѓу март 2004 и декември 2005 година, тој бил тренер на Докса Драма.
Помеѓу август 2006 година и февруари 2007 година, тој бил тренер на Вихрен. Хаџиевски бил ангажиран како тренер на ФК Баку во летото 2007 година. Тој ја освоил титулата во Премиер лигата на Азербејџан со Баку во 2009 година.
Во декември 2014 година, Хаџиевски повторно станал тренер на Пелистер, но во мај 2015 година, по испаѓањето на Пелистер, Хаџиевски поднесол оставка како тренер.
Во 2019 година е тренер на Беласица, но си поднесува оставка на 15 април 2019 г.
Во 2023 година, Хаџиевски станал тренер на Наџран по трет пат.
Во неговата тренерска кариера, раководел со други екипи како што се: Вихрен, Касторија, Докса Драма, Атромитос од Кипар, Баку, Џубило Ивата од Јапонија. Хаџиевски во 1996 година конечно ја презеде македонската репрезентација и ја водел во два квалификациски циклуси.
Кариера
Периоди
- Тренер
- 2018–2019
Фотографии

Ѓоко Хаџиевски