
Ѓоко Георгиев
- Играч
- Тренер
1961–1972
Биографија
Ѓоко Георгиев, еден од најдобрите напаѓачи во историјата на струмичкиот фудбал. Играл за Беласица во периодот од 1961 до 1964 и од 1968 до 1972 година, вкупно 7 сезони. Одиграл 147 утакмици и постигнал 66 голови. Пет пати бил најдобар стрелец на тимот (1961/72 со 8 гола, 1962/63 со 12 гола, 1963/64 пак со 12 гола, 1969/70-17 гола и 1971/72- 7 гола). Играл две сезони во Вардар во периодот (1965-67) и одиграл 43 првенствени натпревари и постигнал 1 гол, а бил член и на Работнички од Скопје, пред повторно да се врати во Беласица. Ја прекинува својата кариера на 28 година, заради повреда, и станува тренер на Беласица во 1972 г. Ќе ја води Беласица од 1972 до крајот на 1974 г. (еден период со Славко Џорлев). Тренер ќе биде и на Тиверија во два наврати, прв пат во периодот од 1982 до 1984 година, а потоа и во 1988/89.
Татко е на Васко Георгиев, кој е втор најдобар стрелец во историјата на Беласица.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 145
- Голови
- 66
Периоди
- Тренер
- 1972–1975
Фотографии

Ѓоко Георгиев