
Филип Михаилов
- Играч
2020–2022
Биографија
Филип Михаилов е најновото засилување на Беласица.
Михаилов ги поминува младинските категории на Академија Пандев, почнувајќи од 2010 година, на свои 12 години. Со оваа екипа во февруари 2016 година, настапува на турнирот во Виареџо. Со неговиот гол, Академија Пандев го освојува и младинскиот куп на Македонија. Во февруари 2017 година, заминува во екипата на Хоризонт од Турново, каде забележува 10 првенствени натпревари, во Втората македонска лига. Во ноември 2017 година се враќа во Академија Пандев и настапува на 7 натпревари во Првата македонска лига, во сезоната, 2017/18. Во следната сезона, Михаилов настапува на 9 натпревари, а го освојува и купот на Македонија со Академија Пандев. Летото 2019 година, во потрага по повеќе минутажа, заминува на едногодишна позајмица во екипата на Осогово. Во скратената сезона, 2019/20, заради корона вирусот, Михаилов одигрува 14 натпревари во Втората македонска лига. Во сезоната, 2020/21, Академија Пандев го дава на позајмица Михаилов на Беласица. За Беласица, Михаилов ќе дебитира во 3-то коло против Шкупи, а во есенскиот дел најчесто ќе влегува од резервната клупа. Во пролетниот дел ќе стане стартер и севкупно ќе настапи на 26 натпревари. По испаѓањето на Беласица од Прва лига, Михаилов ќе остане да настапува за Беласица и во Втората македонска лига. Првиот свој гол за Беласица го постигнува против Детонит Плачковица. Во пролетниот дел постигнува уште три гола и со вкупно 4 гола на 24 натпревари е шести стрелец на тимот. Беласица игра бараж против Скопје, но нема да успее да се врати во Прва лига. Михаилов ја игра и есенската 2022 полусезона за Беласица и одигрува 9 натпревари. Вкупно во две и пол сезони за Беласица, одигрува 59 натпревари и постигнува 4 гола.
Во јануари 2023 година заминува во екипата на Мансдорф во Австрија. Но, по половина сезона, во јули 2023 се враќа во Македонија и игра за Тиквеш од Кавадарци. Во првата сезона со Тиквеш, го освојува купот на Македонија, со победата над Воска од Охрид, во финалето со 2:1. Михаилов влегува во игра, во второто полувреме. Вкупно одигрува 31 натпревар за Тиквеш, во сезоната, 2023/24. Михаилов настапува во европските купови, во јули против исландскиот Брајдаблик, кога Тиквеш победува со 3:2. Во есенскиот дел одигрува уште 14 натпревари за Тиквеш. Во јануари 2025 се враќа во Брера, каде игра на 5 натпревари во пролетниот дел. Во претходната сезона, 2025/26, игра на 31 натпревар за Брера и постигнува 5 гола, а често е и капитен на тимот. Филип пред десетина дена премина во Беласица и играше на првиот натпревар против Осогово.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 59
- Голови
- 4
Фотографии

Филип Михаилов