
Душко Руменовски
- Играч
1984–1998
Биографија
Душко Руменовски, долгогодишен голман на Беласица, Тиверија, Турново и Плачковица. Својата кариера ја започнува во Тиверија 1982 година, каде брани се до летото 1984 година, кога заминува во Беласица. Првиот настап на првенствен натпревар за Беласица го има 1984 година против Влазрими од Ѓаковица, кога по повредата на Душко Василев во претходното коло со Пелистер во Битола, станува прв голман. Во следниот период до 1989 ќе ја дели минутажата со Д. Георгиев, Љ. Димовски и М. Илиев. Во следните две сезони ќе е прв голман. Во сезоната 1989/90, настапува на сите 34 натпревари, а во 1990/91 на 26 натпревари. Во есенскиот дел од сезоната 1991/92 е стандарден. Следна станица во неговата кариера е Турново, каде настапува во сезоните 1993/94 и 1994/95. Потоа брани две сезони во Плачковица од Радовиш до 1997 година. Конечно летото 1997 се враќа пак во Беласица и пролетта 1998 е стандарден. Последен негов меч за Беласица е против Победа во Прилеп, кога Беласица испаѓа. Вкупно забележува 118 првенствени натпревари во 8 сезони. Во 1999/2000 брани повторно за Тиверија на 17 првенствени натпревари, бранејќи во својот последен првенствен меч во јуни 2000 година, против Беласица кога таа го прославува враќањето во Прва македонска лига.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 118
Фотографии

Душко Руменовски