
Душан Савиќ
- Играч
2004–2006, 2019
Биографија
Душан Савиќ, е македонски репрезентативец, со богата интернационална кариера, кој во два наврати игра за Беласица. Во три сезони за Беласица, одигрува 74 првенствени натпревари и притоа постигнува 16 голови.
Савиќ е пораснат во Лесковац и доаѓа во Беласица, на свои 18 години, благодарение на препораката на тогашниот голман, Иван Дисиќ, до Ванчо Таковски. Дебитира за Беласица против Маџари од Скопје, во август 2004, а во 7 коло го постига и својот прв гол против Победа од Прилеп. Во првата своја сезона, 2004/05, Савиќ игра на 31 натпревар и постигнува 4 голови. Во својата втора сезона, 2005/06, игра на 27 натпревари и со 7 голови е прв стрелец на тимот. Во натпреварот со Силекс од Кратово постигнува 4 голови.
Летото 2006 година преминува во Победа од Прилеп, со која ќе го освои првенството на Македонија. Савиќ ќе е прв стрелец на тимот со 16 голови, а трет во лигата.
Дебитира за сениорската репрезентација на Македонија, на 22.08.2007 против Нигерија. Вкупно за Македонија ќе одигра 9 натпревари.
Сезоната 2007/08 ја игра во Вардар, а потоа преминува во Работнички, каде во сезоната 2008/09 го освојува купот на Македонија. Во јануари 2010 година ја напушта Македонија и следните две и пол години игра во Романија, Јужна Кореја и Узбекистан. Во Узбекистан го освојува купот во 2011 со екипата на Пахтакор. Во јули 2011 година, пак се враќа во Работнички и останува 6 месеци. Следна дестинација се Волин и Ховерла од Украина. Во март 2014 од и во Казахстан каде ќе игра во неколку екипи, а ќе игра и во Славија Софија. Конечно во февруари 2018 се враќа во својата родна земја, Србија и ќе игра една година во Земун. Во февруари 2019, по 13 години се враќа во Беласица, каде ќе игра на 16 натпревари и ќе постигне 5 голови. Втор стрелец ќе е на тимот, а во натпреварот со Македонија од Ѓорче Петров постигнува два голови. Во Лесковац, градот каде пораснал се враќа летото 2019 година и ќе игра за локалниот тим, Дубочица. Во Дубочица е веќе 5-та сезона (на 82 натпревари има постигнато 43 голови).
* Беласица е клубот на негов пробив и афирмација, кој ќе остане засекогаш во неговото сеќавање.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 74
- Голови
- 16
Фотографии

Душан Савиќ