
Драги Јорданов
- Играч
1985–1987
Биографија
Драги Јорданов е поранешен напаѓач на Беласица, Осогово, Тиверија,...
Својата фудбалска афирмација ја доживува во Осогово од Кочани. Во Беласица преоѓа во јули 1985, на свои 27 години. Дебитира против Борац во Чачак. Првиот свој гол за Беласица го постигнува против Раднички од Пирот. Во првата своја сезона во Беласица 1985/86, одигрува вкупно 19 натпревари. Како центарфор најчесто се менуваат со Н. Шабани. Во сезоната 1986/87, одигрува 22 натпревари и постигнува 1 гол во последното коло против Влазними од Ѓаковица. По испаѓањето на Беласица од Втора југословенска лига, ќе игра есента 1987 за Беласица и во Првата македонска лига. Ќе одигра вкупно 6 натпревари, а последен му е против Саса во октомври 1987 година. За Беласица во три сезони ќе одигра вкупно 47 натпревари. Во јануари 1988 година се враќа во Осогово. Потоа преминува во тимот на Партизан од Грдовци. Во јануари 1993 година, се враќа во Струмица, но сега во Тиверија. Во пролетниот дел му помага на тимот да избори влез во Втората македонска лига - исток. Во сезоната, 1993/94, одигрува 12 натпревари за Тиверија, а последен негов натпревар му е против Победа од Валандово, во март 1994 година.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 47
Фотографии

Драги Јорданов