
Драган Стојков
- Играч
2004–2019
Биографија
Драган Стојков е поранешен фудбалер на Беласица, младински репрезентативец и фудбалски интернационалец. Ги поминува младинските категории на Беласица и притоа освојува неколку трофеи, а најзначаен е, младинскиот куп од 2006 година против Силекс. Стојков игра и за репрезентацијата на Македонија до 17, до 19 и до 21 година, одигрувајќи вкупно 22 натпревари за трите селекции. Во првиот тим на Беласица дебитира на 16 години и пол, во октомври 2004 година против Маџари во Скопје. Во оваа сезона 2004/05, Стојков одигрува 8 натпревари, а Беласица завршува на 7-мо место во Првата македонска лига. Следната сезона, 2005/06, Стојков станува стандарден првотимец во дресот на Беласица и одигрува 26 натпревари и постигнува 2 гола против Влазрими и Ренова. Беласица отпаѓа од Првата лига, а Стојков продолжува да ги брани боите на Беласица и во сезоната, 2006/07 во Втората лига, каде настапува на 23 натпревари и постигнува 1 гол. Во есенскиот дел, од сезоната 2007/08, одигрува 9 натпревари за Беласица и постигнува 2 гола против Алумина и Тетекс. При крајот на 2007 година заминува од Беласица во екипата на Инчон од Јужна Кореја. По краток престој таму заминува во екипата на Егалео во Грција каде одигрува 22 натпревари. Следна станица му е уште еден клуб од Грција и тоа, Илисиакос, каде останува една сезона. Летото 2009 година оди во Напредак од Крушевац, каде одигрува една сезона. Следна станица му е уште еден српски клуб, а тоа е тимот на Јагодина, каде игра во следните три и пол сезони, на 62 натпревари. Со екипата на Јагодина, во сезоната, 2012/13, го освојува купот на Србија. Во 2014 година заминува во САД, каде во следните три години променува три американски клуба и тоа: Вентура, Онди Елевен и Сент Луис. Во летото 2018 година, пак се враќа во својот матичен клуб, Беласица, која по 12 сезони се враќа во Првата македонска лига. Стојков одигрува 31 натпревар за Беласица во тимот заедно со уште неколку повратници и поранешни соиграчи: А. Милушев, Д. Савиќ и З. Балдовалиев. Беласица стигнува до полуфинале на куп, но за жал испаѓа од лигата. Стојков својот последен натпревар за Беласица го одигрува против Силекс. Во дресот на Беласица во 5 сезони одигрува 97 натпревари и постигнува 5 гола. Во јули 2019 година оди во Работнички, каде одигрува две и пол сезони и 57 натпревари, пред да премине во екипата на Тиквеш. По 12 месеци во Кавадарци и 26 натпревари, во јануари 2023 оди во екипата на Македонија од Ѓорче Петров. Со оваа екипа, успева да го освои купот на Македонија, за сезоната 2022/23. За екипата од Ѓорче Петров одигрува 29 натпревари пред да, во јануари 2024 се врати во Струмица, но сега во екипата на Брера. За Брера одигрува 12 натпревари, во сезоната, 2023/24. Во есенскиот дел од сезоната, 2024/25, продолжува да игра за Брера и одигрува 9 натпревари. Во неговата кариера долга 21 сезона, досега има одиграно 411 првенствени натпревари во 4 различни држави.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 97
Фотографии

Драган Стојков