Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Драган Канатларовски

  • Тренер

Биографија

Драган Канатларовски е поранешен тренер на Беласица. Канатларовски како играч игра за Пелистер, Вардар, Црвена Звезда, Ла Коруња, Каршијака и Победа Прилеп. Потоа продолжува како тренер и селектор.

Канатларовски на два пати бил селектор на Република Македонија. Првиот мандат му завршил поради тоа што Република Македонија не успеала да се квалификува за СП 2002 година. Потоа станал тренер на ФК Беласица, во сезоната 2001/02, каде добива отказ во јуни 2002 година. Во септември 2002 година станал тренер на ФК Куманово, потоа на ФК Победа од декември до јуни 2003 година кога истовремено ја извршувал и селекторската функција на репрезентацијата. Од јануари 2004 година ја извршувал само функцијата селектор на репрезентацијата.

Неговата втора магија заврши поради лошите резултати во квалификациските натпревари за Светското првенство 2006 година, особено поради поразот од Андора. Потоа на негово место дошол Слободан Сантрач.

Во декември 2005 година станал тренер на ФК Вардар.

Во 2008 година станал тренер на Локомотив Пловдив.

Кариера

Периоди

Тренер
2001–2002

Фотографии

  • Драган Канатларовски