
Дончо Георгиев
- Играч
1973–1987
Биографија
Дончо Георгиев, легендарниот голман на Беласица. Во Беласица забележува 262 првенствени настапи во 13 сезони, со што е на 6. место по бројот на првенствени настапи во историјата на Беласица.
Дебитира во дресот на Беласица на 21-годишна возраст, есента 1973 година, на натпреварот во Скопје против Југококта (денешна Македонија Ѓорче Петров). Таа сезона, 1973/74, Беласица има три млади голмани: Благој Георгиев, Дончо Георгиев и Јовица Панчевски. Голот на Беласица го чува во два наврати, и тоа од 1973 до 1985 и во сезоната 1987/88. Во сезоните 1974/75, 1975/76 и 1976/77 настапува на повеќе од 30 првенствени натпревари. Во периодот од 1978 до 1982 година ја дели минутажата со Благој Истатов. По преземањето на тренерското место по 10-тото коло (есента 1982) од страна на Истатов, Д. Георгиев брани на сите 20 натпревари во преостанатиот дел од првенството 1982/83. Во Втората југословенска лига - исток, Д. Георгиев во првите две сезони брани на 35 натпревари. Брани и една сезона во Тиверија 1986/87, каде забележува 19 настапи на првенствени натпревари.
Летото 1987 се враќа пак во Беласица и брани на 12 натпревари, сите во есенската полусезона.
Последниот првенствен настап го забележува во декември 1987 г. против Кожуф во Гевгелија.
Во овој период, покрај со Истатов, е голмански тандем и со други големи голмански имиња, како што се: Благој Георгиев (сезона 1973/74), Коце Костадинов (сезона 1976-78), Душко Василев (сезона 1983-84), Душко Руменовски (сезона 1984/85) и Марјан Илиев (сезона 1987/88).
Кариера
Беласица
- Настапи
- 262
Фотографии

Дончо Георгиев