Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Димитар Трендов - Цацко

  • Играч

1957–1963

Биографија

Димитар Трендов - Цацко е поранешен фудбалер на Беласица од 50-тите години на минатиот век. Во сезоната, 1957/58, Беласица се натпреварува во Штипски потсојуз, а Димитар Трендов дава 6 гола. Во следната сезона, 1958/59, Трендов е најдобар стрелец на тимот со 12 гола во Првата македонска лига, пред Цветков со 9 и Зафиров со 7 гола. Во следната 1959/60, Трендов постигнува 6 гола на 11 натпревари, а во нападот покрај него играат: Пантазиев, Цветков, Зафиров и Д. Панов. Во следната сезона, 1960/61, Трендов игра само на 7 натпревари и постигнува само еден гол против Работнички. Сезоната 1961/62 ја поминува во Тиверија и на три натпревари постигнува по два гола. Есенскиот дел од сезоната 1962/63 ја поминува, пак во Тиверија и на натпреварот против Плачковица постигнува 4 гола. Во јануари 1963, пак се враќа во Беласица и ги постигнува своите последна два гола во дресот на Беласица против Пелистер и КСК од Куманово и одигрува 4 натпревари. Вкупно во дресот на Беласица, Трендов има постигнато 27 гола, на околу 60 натпревари. Летото 1963 година пак се враќа во Тиверија, каде ги брани боите на овој клуб до сезоната 1965/66. Негов брат е Александар Трендов, кој игра за Беласица, до крајот на 1959 година.

Кариера

Беласица

Настапи
60
Голови
27

Фотографии

  • Димитар Трендов - Цацко