
Димитар Босиљанов
- Играч
1968–1975
Биографија
Димитар Босиљанов, долгогодишен играч на Беласица и Тиверија.
За Беласица има одиграно 103 натпревари во 9 сезони и постигнато 12 голови. Своето деби за Беласица го има во април 1968 година против МИК во Скопје, а веќе во вториот свој натпревар, против Работнички во последното коло го дава и својот прв гол. Во следната 1968/69 одигрува 8 натпревари, а наредната сезона игра на 9 натпревари. Пролетта 1971 година започнува да игра стандардно во првите единаесетмина, во нападот заедно со: Ѓ. Георгиев, М. Чинков, П. Пантазиев, Р. Данев, М. Џидалов,... По првото есенско коло во сезоната 1971/72 оди во ЈНА и се враќа пролетта 1973 година. Во сезоната 1973/74 одигрува 23 натпревари и постигнува два гола. Неговата најдобра сезона во Беласица е 1974/75, кога игра на 30 натпревари во офанзивата во состав: Д. Босиљанов, П. Андреев, Б. Тасев, Љ. Мафков и В. Стоилов. Есента 1975 година е негова последна полусезона во дресот на Беласица, кога ќе одигра 8 натпревари и ќе постигне два гола. Последен натпревар му е против Овче Поле, ноември 1975 година. Во јануари 1976 година преминува во Тиверија. Дебитира во март 1976 против Охрид, а својот единствен гол таа пролет го дава против Силика од Гостивар. Во сезоната 1976/77, во Тиверија одигрува 26 натпревари и постигнува три гола. Последна негова сезона е 1977/78, кога одигрува уште 6 натпревари, вкупно 45 во дресот на Тиверија за две и пол сезони.
Но ќе остане запаметен, дека ќе го организира состанокот на ФФМ, пролетта 1992 година, во салата на Стопанска банка во Струмица, кога ќе се донесе одлука за формирање на свое сопствено Македонско државно првенство во фудбал. Ќе биде претставник од ОФС Струмица во ФФМ, периодот до 1998 година.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 103
Фотографии

Димитар Босиљанов