Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Дервиш Хаџиосмановиќ

  • Играч
  • Тренер

1993–1995

Биографија

Дервиш Хаџиосмановиќ - Деда е црногорски напаѓач, прволигашки играч, кој е прв странец кој ќе настапува за Беласица по осамостојувањето на Македонија.

Дебитира во Првата Југословенска лига, на 19 години, во март 1979 година во дресот на Будуќност против Црвена Звезда. Во 9 сезони во Првата лига ќе одигра 135 првенствени натпревари и ќе постигне 13 голови во дресовите на Будуќност од Титоград (денешна Подгорица) и Челик од Зеница. Сезоната 1982/83 со 7 голови е негова најдобра сезона во дресот на Будуќност. Во периодот од 1987 до 1993 година настапува за Нови Пазар, Искра од Бугојно и Рудар од Плевљ.

Во Беласица доаѓа 1993 година, на свои 34 години и ќе одигра две одлични сезони. Дебитира против Борец од Велес, август 1993, а првиот гол го постигнува против Балкан од Скопје. Во првата своја сезона 1993/94, Деда одигрува 28 натпревари и постигнува 10 голови со што е убедливо прв стрелец на тимот. Во втората сезона 1994/95, од 7 коло е играч и тренер на Беласица со Д. Василев и ќе остане до 23 коло во таа улога. Вкупно во втората сезона одигрува 19 натпревари и постигнува пак 10 голови и ќе биде втор стрелец на тимот. Последниот натпревар го игра во април 1995 во 22 коло, против Победа од Прилеп и постигнува гол за 1:1. По 23 коло на чело на Беласица доаѓа П. Пантазиев.

Вкупно за Беласица во двете сезони одигрува 47 првенствени натпревари и 20 голови.

Кариера

Беласица

Настапи
47
Голови
20

Периоди

Тренер
1994–1995

Фотографии

  • Дервиш Хаџиосмановиќ - Деда