
Дејан Илиев
- Играч
2011–2012
Биографија
Дејан Илиев е македонски репрезентативен голман и поранешен голман на Беласица, Арсенал, Серед, Јагиелонија, Шрусбери, Тренчин, Хелсинки, Сараево, Арад и Рапид Букурешт.
Дејан Илиев е син на легендарниот голман на Беласица, Марјан Илиев и неговиот животен пат, беше да тргне по стапките на својот татко. Илиев ги поминува младинските категории на Беласица. За првиот тим на Беласица, дебитира во август 2011 година, на свои 16 години и 5 месеци, на натпреварот против Осогово во Кочани. Дени брани и на натпреварите против Скопје и Пелистер, по што почнува да брани и за младинската репрезентација на Македонија до 17 години. По долги преговори, на 31.08.2012 година, Илиев преминува во Арсенал, предводен од Арсен Венгер. Илиев брани во младинските екипи на Арсенал до 19, до 21 и до 23 години на 55 натпревари до 2019 година. Во периодот од 2011 до 2014 година брани на 15 натпревари за репрезентацијата на Македонија до 17, до 19 и до 21 година. Во јули 2019 година оди на позајмица во Серед во Словачка, каде брани на 18 натпревари, за да ја заврши оваа сезона во екипата на Јагиелонија во Полша. Во јули 2020 оди на позајмица во екипата на Шрусбери, каде брани во Третата англиска лига, за да во јануари 2021 се врати во Арсенал. Во јули 2021 заминува пак на позајмица во екипата Серед. Во јануари 2022 година, го прекинува својот договор со Арсенал, по поминати 10 сезони таму и во февруари 2022 година потпишува со Тренчин од Словачка. На 5 јуни 2022 г. дебитира за сениорската репрезентација на Македонија против Гибралтар и тоа е негов единствен настап. Илиев е повикуван на околу 35 натпревари за репрезентацијата, но секогаш е резервен голман, на Столе Димитриевски. Во 2023 игра во Хелсинки во Финска, каде ги освојува титулата и купот на оваа земја. Во декември 2023 оди во Сараево и брани за овој тим на 12 натпревари во Првата босанска лига. Во јули 2024 година преминува во УТА Арад во Романија, каде брани на 31 натпревар во една и пол сезона. Во јануари 2026 преминува во Рапид Букурешт каде брани во пролетниот дел.
Кариера
За репрезентацијата
- Настапи
- 1
- Голови
- 0
Според податоците на Аце Стојанов и списокот од книгата.
Фотографии

Дејан Илиев