
Давид Стојков
- Играч
2020–
Биографија
Давид Стојков (2001) е млад штопер на Беласица. Стојков е поранешен фудбалер на Брегалница Штип, Академија Пандев и Тиквеш. Ги поминува сите младински категории на Академија Пандев, а играл и за младите репрезентации на Македонија до 16,17, 18 и 19 години, вкупно 8 натпревари. Во февруари 2020 година, преминува во Беласица, на свои 18 и пол години. Беласица станува шампион на Втората лига, во сезоната, 2019/20, па за следната сезона се изборува за влез во Прва лига, а Стојков заради прекинот на сезоната (ковид пандемијата), не успева да дебитира. Стојков своето деби го има против Ренова во Струмица, во октомври 2020 година. Во оваа прва своја сениорска сезона, Стојков настапува на 13 првенствени натпревари, во оваа сезона, во која Беласица испаѓа од Првата лига. Во следната сезона, Стојков е стартер на првите 9 натпревари за Беласица. До крај на првенството, Стојков настапил уште на 6 натпревари, а го постигнува и својот прв гол, на натпреварот против, Локомотива од Градско. Стојков играл и во баражот за влез во Прва лига, против Скопје. Во сезоната, 2022/23, Стојков одиграл 18 натпревари и постигнал два гола, против Пелистер и Кожуф. Во есенската полусезона, 2023 година, настапува на 13 натпревари, а постигнал и два гола против Башкими. Во дресот на Беласица, Стојков вкупно одиграл 59 првенствени натпревари и постигнал 5 гола. Во јануари 2024 година заминува во прволигашот, Тиквеш, каде настапил на само 2 натпревари. Летото 2024 година, Стојков заминува во силната екипа на Брегалница од Штип. Стојков игра стандардно во првиот тим и во есенскиот дел од сезоната, 2024/25, настапува на сите 15 натпревари и постигнува 2 гола. Стојков е избран и во најдобриот тим во Втората македонска лига. Брегалница губи во баражот за влез во Прва лига, а Стојков летово се враќа во Беласица. Во есенскиот дел не игра заради повреда, а пролетта одигрува 14 натпревари. Оваа сезона, 2026/27 ќе биде негова шестта во дресот на Беласица.
Давид Стојков, статистика во Беласица.
Сезона натпр/голови
2017-20 Академија Пандев
2020/21 13 0
2021/22 15 1
2022/23 18 2
2023/24 13 2
2024 Тиквеш
2024/25 Брегалница Штип
2025/26 14 0
Вкупно 73 5
Кариера
Беласица
- Настапи
- 73
- Голови
- 5
Фотографии

Давид Стојков