
Давид Калпачки
- Играч
2017–2021
Биографија
Давид Калпачки е поранешен фудбалер на Беласица, Хоризонт, Крка, Скопје, а сега настапува во Брегалница од Штип. Тој е и фудбалски интернационалец и младински репрезентативец. Младинските категории ги поминува во тогашниот македонски прволигаш, Хоризонт од Турново. Во јануари 2017 година, на 16 и пол години преминува во Беласица и игра за младинските категории на Беласица. Дебито во првиот тим го има против Победа од Валандово, во септември 2017 година, но српак и во оваа 2017/18, игра за младинскиот тим на Беласица. Калпачки во својата прва целосна сениорска сезона игра за Беласица во Првата македонска лига, како стартер на 18 натпревари, а само еднаш влегува како замена. Во сезоната, 2019/20, Калпачки ги игра сите 15 натпревари за Беласица во Втората македонска лига. Беласица е шампион, во првенството што е прекиното заради ковид пандемијата. Во следната сезона, 2020/21, Калпачки е пак стандарден во екипата на Беласица и одигрува 29 натпревари во Прва македонска лига. Калпачки постигнува и еден гол против Ренова, а последен натпревар за Беласица му е против Пелистер. За Беласица во 4 сезони одигрува 64 првенствени натпревари и постигнува 1 гол. Во март 2021 година дебитира и за младата репрезентација на Македонија, прорив Казахстан. Летото 2021, Калпачки преминува во екипата на Крка од Словенија, со кој игра една сезона во Втора словенечка лига. Летото 2022 година се враќа во Македонија, во екипата на Скопје и одигрува 16 натпревари во Првата македонска лига. Во јануари 2023 година преминува во Брегалница од Штип, каде игра и денес. Досега во дресот на Брегалница одигрува над 90 натпревари.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 64
- Голови
- 1
Фотографии

Давид Калпачки