Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Дарко Петров

  • Играч

2011–2017

Биографија

Дарко Петров е поранешен фудбалер на Беласица, Тиверија, Хоризонт, Кожуф, Плачковица, Напредок Здравје, Василево и неколку швајцарски клубови. Петров потекнува од младинската школа на Беласица. Петров дебитира за сениорскиот тим на Беласица, во ноември 2010 година, на 16 и пол години против Цементарница, а првиот гол го постигнува против Охрид. Во првата своја сезона, 2010/11, одигрува 7 натпревари и постигнува 1 гол. Во следната 2011/12, Дарко Петров ќе одигра 9 натпревари, но за жал Беласица испаѓа од Втора лига. Летото 2012 година преминува во Тиверија и во нејзиниот дрес дава допринос во освојувањето на титулата во Третата македонска лига-исток. Летото 2013 година се враќа во Беласица. Тој ќе одигра 21 натпревар и ќе постигне 13 гола, со што ќе е втор стрелец на тимот зад Лиманов, а пред Цонев. Беласица ја освојува титулата во Третата лига, но не успева во баражот против Вардар од Неготино. По само 1 натпревар за Беласица, во септември 2014 оди во Напредок Здравје од Радово. Летото 2015 година пак се враќа во Беласица и ќе одигра 10 натпревари и ќе постигне 1 гол. За Беласица вкупно има одиграно 5 сезони и 48 првенствени натпревари и ќе постигне 15 гола. Во јануари 2016 година оди во Кожуф. Летото 2016 година оди во Хоризонт, кој во претходната сезона испаѓа од Прва лига. По 6 месеци оди во ФК Василево. Летото 2017 година се враќа во Хоризонт, но по откажувањето од лигата, во јануари 2018 година оди во Плачковица каде ќе остане 12 месеци. Во февруари 2019 година преминува во Тиверија, каде ќе игра 6 месеци. Сезоната 2019/20, ја поминува во Швајцарија. Летото 2020 година, пак се враќа во Хоризонт и ќе ја одигра целата сезона, 2020/21 и ќе игра и бараж за влез во Втора лига. Летото 2021 година ќе замине пак во Швајцарија, каде ќе игра за неколку клубови.

Кариера

Беласица

Настапи
48
Голови
15

Фотографии

  • Дарко Петров