
Дарко Божинов
- Играч
2005–2009
Биографија
Дарко Божинов е поранешен одбранбен фудбалер на Беласица, Хоризонт од Турново, Брегалница од Штип, Силекс, Напредок од Кичево и повеќе швајцарски клубови (Ванген,Ветсвил, Мури,Лензбург). Ги поминува младинските школи во Беласица и ќе игра за Беласица на турнирите во Виареџо во 2006, 2008 и 2009 година. Дел е од тимот на Беласица,кој го освои младинскиот куп во 2006 година, против Силекс.
За првиот тим на Беласица дебитира во октомври 2005 година, против Силекс, на свои 16 години и 9 месеци. Во својата прва сениорска сезона, 2005/06, ќе одигра 14 натпревари како стартер,покрај Ташев, Димов, Чачев,... Беласица испаѓа од Прва лига,а Божинов ќе продолжи да игра за Беласица и во следната сезона и ќе настапи на 12 натпревари. Пролетта 2008 година игра на 15 натпревари,а ќе игра и во баражот против Силекс. Во сезоната 2008/09, заедно со Захов и Цветковски одигруваат најмногу натпревари за Беласица, по 26 натпревари. Во дресот на Беласица, во 4 сезони, одигрува 67 првенствени натпревари во сениорска конкуренција. Во септември 2009 година ќе биде повикан да настапува за младата репрезентација на Македонија до 21 година, против репрезентациите на Литванија и Англија. Има играно и за репрезентацијата на Македонија до 17 и 19 години. Сезоната 2009/10, ја поминува во Напредок од Кичево. Во јули 2010 преминува во екипата на Хоризонт од Турново. За екипата на Хоризонт, во следните две и пол сезони во Првата македонска лига, ќе настапи на 37 натпревари. Во одбраната на Хоризонт ќе игра покрај: С. Димовски, М. Ташев, А. Милушев, Д. Митрев, Т. Петров,...Во ноември 2012 година, преминува во екипата на Брегалница од Штип, каде ќе остане до февруари 2014 година и ќе одигра 32 натпревари во Првата македонска лига. Потоа, преминува во Силекс, за да во јули 2014 година, замине во Швајцарија, во тимот на Ванген, каде ќе се пензионира од фудбалската играчка кариера во 2018 година, на 29 години.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 67
Фотографии

Дарко Божинов