
Даниел Радојчиќ
- Играч
2017–2023 (со прекин 2018/19)
Биографија
Даниел Радојчиќ е поранешен играч на Беласица, Академија Пандев, Хоризонт, Тиверија и Плачковица. Својата кариера од најрана возраст јанпочнува во Тиверија. Во 2011 година е дел од младинската школа на Хоризонт. Ќе биде дел и од репрезентацијата на Македонија до 16 години, во 2013 година. Во 2013 година преоѓа во школата на Академија Пандев, каде ќе остане до 2016 година. Во сезоната, 2015/16, ќе настапи на 8 натпревари и ќе постигне 4 гола за сениорскиот состав на Академија Пандев. Тој ќе помогне во освојувањето на титулата во Третата македонска лига- исток, а потоа низ баражот за влез во Втората македонска лига. Летото 2016 година преминува во Хоризонт, кој штотуку испаѓа од Првата македонска лига. Во едната сезона помината во Хоризонт, 2016/17, Радојчиќ ќе настапи на 24 натпревари и ќе постигне 6 гола. Летото 2017 година преминува во Беласица, која оваа сезона ќе се натпреварува во Втората македонска лига-исток. На своето деби против Тиквеш, Даниел ќе го постигне и својот прв гол во дресот на Беласица. Беласица ќе ја освои титулата во оваа сезона, а Радојчиќ на 14 натпревари ќе постигне 5 гола. Летото 2018 година преминува во Плачковица и ќе игра за овој тим во Втората македонска лига - исток и ќе постигне 9 гола. Летото 2019 година се враќа пак во Беласица. Беласица пак ќе ја освои титулата во Втората македонска лига - исток, во оваа скратена сезона заради ковид епидемијата. Даниел ќе настапи на 9 натпревари, а ќе постигне и 1 гол против Питу Гули во Крушево. Во следната 2020/21, Даниел за прв пат ќе настапува во Првата македонска лига и тоа во дресот на Беласица. Ќе дебитира против Силекс, а вкупно ќе одигра 13 натпревари, но нема да се запише во листата на стрелците. Беласица испаѓа, па Даниел и Беласица, во сезоната 2021/22 ќе играат во Втората македонска лига-исток. Даниел настапува на 17 натпревари и ќе постигне 2 гола против Осогово и Братство. Беласица не успева во баражот против ФК Скопје, па Радојчиќ со Беласица во сезоната 2022/23 ќе се натпреварува во единствената Втора македонска лига. Радојчиќ постигнува два гола против Борец од Велес, а ќе е стрелец и против Кожуф, Саса и Воска. На 21 натпревар, со 5 гола ќе е трет стрелец на тимот, веднаш зад А.Милушев и А. Коцев. Есенската 2023 полусезона е негова последна во Беласица. Радојчиќ ќе настапи на 7 натпревари, а ќе постигне и еден гол против Тетекс. Негов последен натпревар за Беласица е на 2 декември 2023, против Скопје. Даниел за Беласица има одиграно 81 натпревар и постигнато 14 гола, во вкупно 6 сезони.
Кариера
Беласица
- Настапи
- 81
- Голови
- 14
Фотографии

Даниел Радојчиќ