
Чедо Хаџиски
- Играч
- Тренер
Биографија
Чедо Хаџиски - Џингис, еден од првите легендарни фудбалери на струмичкиот фудбал. По Втората светска војна, во 1946 настапува за скопскиот тим, Милиционар. Потоа, во следните сезони до 1949 год. игра за Работнички од Скопје, притоа во сезоната 1947/48, настапува во Втората југословенска лига. Во сезоната, 1950, игра стандардно на позицијата лев бек за Вардар од Скопје, во Втората југословенска лига. Вкупно забележува настапи на 11 првенствени натпревари. Во 1951 година се враќа во Беласица, првин како играч, а потоа е назначен и за тренер. Ќе ја води Беласица во следните сезони, притоа и во сезоната, 1955/56, кога Беласица игра во 4 зона во Југославија (екипи од Македонија, Косово и Србија). По оваа сезона се повлекува како тренер. Ама пак, ќе се врати, како тренер на Беласица, во сезоната 1965/66 год, кога капитен и голгетер на тимот е Славко Џорлев. Во сезоната, 1973/74, е потпретседател на Беласица, кога тренер е Ѓоко Георгиев.
Легенда на Беласица, но и прв играч од Струмица, што ќе игра за Вардар од Скопје.
Фотографии

August 29, 2023
Портрет на Чедо Хаџиски (1922-1977), скениран од книгата „ФК Беласица 1922-1982"