Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Бранко Роксандиќ

  • Тренер

Биографија

Бранко Роксандиќ - Роко ја предводи Беласица во сезоната, 1971/72. Познатиот српски тренер, Бранко Роксандиќ - Роко, успева во есенскиот дел од сезоната, тимот да го одведе до третото место во Првата македонска лига на само еден бод помалку од лидерот, Овче Поле. Оваа сезона претставува и заминување на една генерација извонредни фудбалери, како: Пантазиев, Џидалов, Ѓ. Георгиев,... Но оваа сезона во тимот влегуваат и идните големи звезди на македонскиот фудбал: В. Рингов, Н. Секулов, С. Грнчаров, М. Морарцалиев, А. Грнчаров, Шеки,...

По 26 коло заминува Б. Роксандиќ од тимот, а последните 4 кола го води Ч. Хаџиски.

Кариера

Периоди

Тренер
1971–1972

Фотографии

  • Бранко Роксандиќ