Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Бранко Марков

  • Играч

1983–1998

Биографија

Бранко Марков, офанзивен играч на Беласица, кој има играно во 11 различни сезони за Беласица, во периодот од 1983 до 1998 година. Вкупно има одиграно 111 лигашки натпревари и постигнато 27 голови.

Дебитира за Беласица на 17 годишна возраст во октомври 1983 година во натпреварот против Трепча од К. Митровица во Втора југословенска лига - Исток. Во таа прва сезона одигрува вкупно 8 лигашки натпревари. Следната 1984/85 заедно со Стојменов заминуваат во ЈНА. Се враќа во сезоната 1985/86 на натпреварот со Рад од Белград и ќе го постигне првиот свој гол за Беласица. Интересно е дека и вториот свој гол ќе го постигне против Рад во пролетниот дел, но сега во Белград. Во есенскиот дел 1986 година игра на 9 натпревари најчесто како замена. Во сезоната 1987/88 постигнува 5 голови и тоа по два на Слога Виница и Индустријалец од Ѓорче Петров. Во 1988/89 настапува за Беласица во единствената Втора југословенска лига и постигнува 3 голови. Летото 1989 година со Р. Панов преминуваат во Вардарски од Богданци и ќе има успешна сезона. Летото 1990 повторно се враќа во Беласица и ја одигрува својата најдобра сезона (1990/91) во Беласица со 31 лигашки натпревар и 11 постигнати голови. Во 1992 година ја напушта Беласица. До декември 1994 ќе настапува во Турново. Пролетната сезона, 1995 год, ја поминува во Беласица и ќе постигне 3 гола. Во сезоната 1995/96 настапува на 5 лигашки натпревари. Летото 1996 година пак се враќа во Турново и на 9 натпревари, постигнува 1 гол. Летото 1998 пак се враќа во Беласица. Негова последна полусезона во Беласица е есента 1998 година. Последниот гол го постигнува со Овче Поле, а последниот лигашки натпревар е со Брегалница Штип во октомври 1998 година.

По завршувањето на играчката фудбалска кариерата, ќе остане во фудбалот како тренер. Неговите синови Ѓорѓи и Александар, исто така играа за Беласица.

Кариера

Беласица

Настапи
111
Голови
27

Фотографии

  • Бранко Марков