Прескокни на содржина
ФК Беласица
Архивски портрет

Бранко Глигоров

  • Играч

2010–2015

Биографија

Бранко Глигоров е поранешен фудбалер на Беласица, Василево, Плачковица, Саса и Хоризонт. Бранко е дел од младинската генерацијата 1992, на Беласица, која во 2007 година ќе игра финале на куп на Македонија против Вардар од Скопје. Глигоров продолжува да настапува за Беласица и во другите младински категории. Тој ќе дебитира пролетта 2010 година против Дрита, а потоа ќе игра и против Охрид. Во сезоната 2010/11, Бране ќе добие шанса да игра на 9 натпревари за Беласица, која завршува на 5-то место во Втората македонска лига. Во сезоната,2011/12, Глигоров игра на позицијата лев бек и ќе одигра 18 натпревари и ќе постигне 1 гол. По испаѓањето на Беласица, Глигоров заминува во Василево, каде со овој тим ќе се бори за првото место во Третата македонска лига - исток. Глигоров ќе е еден од најдобрите стрелци на тимот, кој ќе биде вицешампион, веднаш зад Тиверија. Летото 2013 година, пак се враќа во Беласица. Во есенскиот дел, тој ќе постигне 4 гола, со што ќе е четврт стрелец на тимот. Во пролетниот дел ќе постигне уште еден гол и ќе допринесе Беласица да го освои првото место во Третата македонска лига- исток. Во оваа сезона ќе настапи на 26 натпревари и заедно со Драги Глигоров ќе имаат најмногу настапи. Но, во баражот, Беласица губи од Вардар Неготино, иако Бранко Глигоров го постигнува единствениот гол за Беласица. Следната сезона, 2014/15, Беласица пак ќе биде шампион на Третата македонска лига - исток. Глигоров ќе допринесе со одиграни 19 натпревари и постигнати 6 гола, со што бил четврт стрелец на тимот. Последен негов настап во дресот на Беласица ќе е против Победа од Прилеп во бараж натпреварите. Беласица пак не успева да влезе во Втората лига. Глигоров во 5 сезони одиграни за Беласица, ќе настапи на 74 натпревари и ќе постигне 12 гола. Сезоната 2015/16 ја поминува во Плачковица каде ќе настапи на 21 натпревар. Летото 2016 се враќа во Василево и игра во есенската полусезона. Во зимскиот преоден рок оди во Саса, каде ќе игра со овој тим бараж за влез во Втората македонска лига. Сезоната, 2017/18, ќе ја одигра во Василево и на 11 натпревари ќе постигне 5 гола, а додека во наредната сезона на 14 натпревари постигнува 4 гола. Потоа ќе направи пауза една сезона, после која ќе премине во Хоризонт од Турново. Во сезоната, 2020/21, Глигоров на 16 натпревари ќе постигне 5 гола за Хоризонт. Но, повторно баражот ќе биде пречка за влез на неговиот тим во Втората македонска лига. На 29 години ја завршува својата играчка кариера, по што се преселува во Австрија, каде и денес живее.

Кариера

Беласица

Настапи
74
Голови
12

Фотографии

  • Бранко Глигоров